6 трикови за дупло помал стомак во рок од 6 денови

6 трикови за дупло помал стомак во рок од 6 денови

Колку пати ви се случило наутро да се гледате во огледало и да видите стомак кој ви се допаѓа, додека пак во попладневните или вечерните часови да забележите дека вашиот стомак изгледа скоро дупло поголем?

6 трикови за дупло помал стомак во рок од само 6 дена

Причината за оваа состојба понекогаш се крие во вашите дневни навики кои предизвикуваат надуеност, а со тоа визуелно го зголемуваат вашиот стомак. Доколку сакате за само 6 денови да ја намалите големината на вашиот струк и да можете полесно да влезете во вашето омилено парче облека, придржувајте се кон наредниве 6 правила:

1. Намалете го внесувањето на солта

Солта му дава на вашиот оброк побогат вкус, но тој исто така и ја задржува водата во телото, а со тоа предизвикува надуеност и зголемување на вашиот стомак. Токму затоа исфрлете ги сите оние нешта кои содржат многу сол, како чипсовите и слично, но обидете се и да одолеете на брзата храна.

2. Намалете го внесувањето на јаглехидратите

Белиот леб за појадок и оризот или тестенините за ручек се дел од секојдневната исхрана на многумина. Но, овие оброци изобилуваат со јаглехидрати кои се непријатели на вашата линија, па токму затоа би требало целосно да ги исфрлите од вашата исхрана.

Наместо тоа, за појадок одберете храна која е богата со протеини како јајце со сирење, а за ручек фокусирајте се на зеленчукот, или пак ако премногу сакате ориз, одберете интегрален.

3. Заборавете на млекото

Нетолерантноста на лактоза може да предизвика безброј проблеми со варењето на храната кои резултираат со чувство на надуеност. Доколку не сте сигурни дека припаѓате на оваа група, обидете се да го исфрлите млекото од исхраната на само една недела и следете ги реакциите на вашето тело. Доколку забележите нагло подобрување, вашето тело има проблем при обработката на лактозата.

4. Одбирајте кое овошје го јадете

Иако овошјето е здраво, некои од овие плодови често знаат да создадат надуеност. Јаболката, крушата и дињата се многу вкусни, но нашиот организам потешко ги обработува, при што се создаваат гасови и надуеност кои се одразуваат на големината на вашиот стомак. Токму затоа фокусирајте се повеќе на лимонот, портокалите или шумското овошје.

5. Кажете им „не“ на лутите зачини

Лутите зачини го поттикнуваат лачењето на киселините во желудникот, а тоа може да предизвика надуен и тврд стомак. Иако тие се здрави за вас, доколку редовно ги консумирате прескокнете ги на недела дена со цел малку да го одморите вашите организам.

6. Исфрлете ги ШАП

ШАП е кратенка за 3-те нешта кои вашето тело во никој случај не ги сака. Шеќерот (рафиниран), алкохолот и пржената храна се најголемите непријатели на вашата линија, па токму затоа доколку би сакале рамен стомак треба постојано да ги избегнувате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар