6 третмани за убавина кои се застрашувачко лоши за вас

6 третмани за убавина кои се застрашувачко лоши за вас

Третманите за убавина и мејкап се херои кои понекогаш можат да направат големи разлики во животот на жената. Започнувајќи од криење на здодевните мозолчиња, па сè до заводливите дизајни на нокти, тие прават секоја жена да се почувствува како да поминала низ филтер на Инстаграм во реалноста. Но, секој пат кога практикувате некој од овие третмани за убавина, вие се изложувате себеси на сериозен ризик. Постојат многу хорор приказни кои можат да го потврдат тоа, токму затоа е добро да ги знаете следниве ризици…

6 третмани за убавина кои се застрашувачко лоши за вас

Погрешната техника за нанесување моливче за очи може да го наруши вашиот вид. Според една нова студија, нанесувањето на моливчето на водената линија на окото, може да доведе до многу лоши инфекции, моментално да го помати вашиот вид, како и да се сврзе со вашите контактни леќи, а од таму да го најде својот пат директно во вашето око. За да го намалите овој ризик, секогаш пред да го употребувате, прво дезинфицирајте го со алкохол врвот на вашето моливче за очи.

Долгите трепки можат да предизвикаат инфекции. Екстремно долгите трепки го насочуваат ветерот кон вашите очи, а со тоа внесуваат во нив прашина и други лоши честички од воздухот. Ова загадување може да доведе до црвенило во очите.

Маникирот може да доведе до ампутација на прст. На една жена наводно ѝ отстраниле не 1, туку 4 прсти откако се здобила со инфекција преку маникир. Токму затоа се препорачува нежно да ги туркате кутикулите на ноктите кон назад, но не и да ги отстранувате целосно. Исто така бидете внимателни при изборот на салон за убавина, бидејќи не сите одржуваат високо ниво на хигиена.

И маскарата може да предизвика инфекции. Една жена го научила ова на потешкиот начин, па откако користела премногу стара маскара, таа се здобила со инфекција од која окото премногу ѝ потекло. Токму затоа учете од нејзината грешка и менувајте ја маскарата на секои 3 месеци откако ќе ја отворите со цел да се заштитите од бактериите кои се населуваат во неа.

Гел маникирот може да доведе до рак. Наводно, треба сериозно да размислите за ризикот од рак на кожата пред да дозволите вашите нокти да се сушат под ултравиолетово светло. Доколку не сакате да се откажете од оваа навика, барем намалете го ризикот така што пред да одите во салонот за убавина секогаш ќе нанесувате мала доза масло за сончање врз вашите дланки.

Грицкањето нокти може да ги оштети вашите заби и да доведе до инфекции. Доколку редовно ги грицкате ноктите, вие можете да направите вашите заби да се поместат. Истовремено лесно можете да ја оштетите кожата околу ноктите, а со тоа и да им дозволите на лошите бацили да се населат во оваа област. Оваа навика исто така го зголемува и ризикот од настинка и грип.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар