6 совети за подобар живот

6 совети за подобар живот

Дали некогаш сте посакале да ја имате искрата за инспирација секој ден, или пак барем неколку пати во неделата наместо само еднаш во многу долг период? Изгледа дека науката има решение кое ќе ви го направи целиот живот подобар. Истражувачите како Барбара Фредериксон од Универзитетот во Мичиген и Ролин Мекрати од Институтот „HeartMath“ покажале дека емоциите како среќата, благодарноста и чувството на значајност не само што прават да се чувствувате добро во своето тело, туку и ви даваат енергија да правите големи нешта, дури и повеќе од она што сте мислеле дека е можно. Погледнете како…

6 совети за подобар живот

1. Запрашајте се себеси: „Од што моето срце почнува да пее?“

Што во вашата работа ве инспирира, а што ве кочи? Што е тоа што во вашата љубовна врска ве инспирира, а што ве задушува? Што е тоа што во вашиот живот ве исполнува, а што се претворило во рутина? Овие прашања можат да ви бидат отскочна даска за ново ниво на инспирација, енергија, виталност и цел во вашиот живот.

2. Бидете отворени и возбудени за истражување на нови нешта

Бидете отворени за сѐ она што ви го носи животот, бидејќи на тој начин ќе ги поттикнете љубопитноста, скромноста, восприемливоста и флексибилноста во себе. Д-р Брин Браун рекол дека „ранливоста е несигурност, ризик и емоционално разоткривање. Да се биде човек значи да се биде ранлив.“

3. Бидете разиграни… сериозно

Сега кога знаете како е да се биде возрасна личност и кога правите сѐ што е потребно за вашата кариера и фамилија, не заборавајте одвреме-навреме да ја ослободите својата разиграност која ви го направила детството безгрижно, спонтано и преполно со авантури. Разиграноста доведува до флексибилност и до способност да бидете во хармонија со вашиот живот, наместо да давате отпор, да се рушите или да се повлекувате. Разиграноста е кинетичка енергија која ја разгорува креативноста и која привлекува инспирација. Кога се потсетувате дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно, вие ја одбегнувате непотребната драма во ситуации кога е подобро да останете смирени.

4. Бидете свои – сите останати се веќе зафатени

Оскар Вајлд со само една реченица успеал совршено да ја долови оваа потточка. Способноста да се биде свој, без никаков срам е една од најважните нешта за доброто живеење. Автентичноста во себе носи моќ за нови и креативни решенија кога се соочуваме со кризи и предизвици. На овој начин вие можете да најдете нови начини за подобрување на вашата кариера, љубовната врска и сите останати области во вашиот живот, а притоа да се чувствувате слободно во својата кожа.

5. Секојдневно правете нешто што ве инспирира

Дали пеете доволно? Дали танцувате доволно? Играте ли со вашите домашни миленичиња и деца онолку колку што навистина сакате? Излегувате ли на свеж воздух доволно? Наоѓате ли уште време за читање на вашите омилени книги или пак, за разговор со вашите најблиски пријатели? Доколку одговорот на овие и слични прашања е „не“ тогаш мора под итно да направите промена во вашиот живот.

6. Бидете благодарни за она што го имате во вашиот живот

Постои толку многу убавина во животот и во природата што едноставно не можете да не бидете благодарни. Направете листа на сите оние нешта за коишто сте благодарни. Спомнете ги сите луѓе кои ги сакате, сите херои на кои им се восхитувате, сите оние места кои сакате да ги посетите. Не ги заборавајте ни вашите омилени активности, песни и сѐ останато кое го разигрува вашето срце.

Разбудете ја инспирацијата во вашиот секојдневен живот и видете што ќе се случи. Погледнете кои нови пријатели ќе се појават, кои нови можности ќе ви се отворат и на кој начин оваа нова перспектива ќе го претвори вашиот тежок проблем во креативен предизвик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар