6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другари

6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другари

Се чини дека еден од најголемите стравови на родителите во денешно време е нивното дете да биде „контролирано“ од страна на неговите токсични пријатели. Ако постои таков случај, нема да биде чудно тоа што детето честопати хистерично плаче во својата соба, се повлекува од своите најблиски и одбива да им каже на родителите за што се работи, од страв дека нема да го разберат.

6 совети за како да му помогнете на вашето дете да се справи со токсичните другари

Сепак, кога „токсичниот“ пријател ќе му возврати на вашето дете со наклонетост, тогаш се чини дека работите се враќаат во нормала. Таквите чести промени во расположението доведуваат до нарушување на менталното здравје на вашето дете. Прочитајте ги нашите совети за како да се справите со овој проблем.

1. Слушајте со срцето, а не со разумот

Воздржете се од тоа да го советувате детето што да прави и наместо тоа сочувствувајте со него. На тој начин ќе му оставите до знаење дека го разбирате, а детето ќе се чувствува помалку осамено.

2. Поставувајте прашања од отворен тип

Обидете се да го натерате детето да зборува. Вашата емпатија ќе го омекне одбранбениот штит на детето и тоа лека-полека ќе почне да ги споделува своите чувства со вас. Поставете му прашања од типот: „Што е тоа што те прави да се чувствуваш така?“ Кога детето ќе се отвори пред вас, обидете се да сочувствувате со него. „Да, во право си. И јас би се чувствувал/а навредено. Тоа што ти се случи не е во ред.“

3. Стекнете ја довербата на вашето дете

Оставете му до знаење на детето дека нема да одите на училиште за да се справите со другиот родител доколку тоа не сака. Најважно е да ја одржите довербата во вашиот однос. Во посериозни случаи на малтретирање, можеби ќе биде подобро да му објасните на детето зошто треба да разговарате со неговиот наставник.

4. Обидете се да му го посочите на детето безобѕирното однесување на неговиот токсичен другар

Прашајте го детето: „Дали ти би му го направил тоа некому?“ На тој начин ќе му покажете на детето дека не е проблемот во него туку во другарот.

5. Бидете трпеливи

На детето ќе му треба време да сфати колку е штетно за него тоа другарство бидејќи вината ја бара во себе. Бидете секогаш трпеливи и отворени за разговор.

6. Помогнете му на детето да се држи на дистанца од токсичниот другар

Охрабрете го вашето дете да почне да се дружи со друг круг на пријатели, на пример со децата од соседното маало и на тој начин да гради здрави, пријателски врски. Тоа ќе му помогне на детето да се стекне со самодоверба и полесно да се справи со траумите од токсичното другарство.

Откако прочитавте како да му помогнете на детето да се справи со токсичните пријатели, можеби ќе сакате да прочитате и зошто децата врескаат и како да се справите со тоа.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар