6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Време е да се соочите со фактот дека многу фактори штетно влијаат врз вашата кожа. Загадувањето на воздухот се зголемува во многу земји, смогот продира во кожата, потребен ви е крем за сончање за да се заштитите од УВ-зраците, а преработената храна воопшто не го негува вашето лице. Ова се дел од причините зошто е важно да се грижите за вашето лице, а еден метод што функцинира е пареата. Таа може да го исчисти и да го смири лицето и да ги намали оштетувањата на кожата. Исто така, овој метод е бесплатен. Во продолжение погледнете кои се придобивките од редовното ставање на лицето над пареа.

1. Ја отстранува нечистотијата од порите

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Кога го држите лицето над пареа, топлината ги опушта и ги проширува вашите пори. Кога ќе се отворат порите, пареата ги отстранува нечистотија и себумот што се собираат во нив.

Честопати, таа нечистотија лебди во воздухот околу нас. Размислете за квалитетот на воздухот во вашиот град и за шминката што ја носите секој ден. И шминката содржи себум – мрсна супстанција што ја покрива вашата кожа. На сите ни е потребен себумот бидејќи ја навлажнува и ја штити кожата, но големото количество себум може да предизвика појава на мозолчиња.

Ако го ставате лицето над пареа, можете да го ограничите количеството себум што го имате на лицето и што предизвикува несакани резултати. Отворете ги порите на лицето и крајниот резултат ќе биде чисто, блескаво лице.

2. Ќе ги отстраните бактериите и мртвите клетки што предизвикуваат акни

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Кожата е најголемиот орган на телото и поминува низ постојан процес на регенерација, предизвикувајќи мртвите бактерии да се собираат на вашето лице. Оваа бактерија е здрава, нема зошто да се грижите за какви било негативни ефекти што може да ги има на вашето тело. Сепак, лицето може да изгледа малку грубо. Исто така, мртвите бактерии не дозволуваат соодветна оксигенација на вашата кожа.

Кога го ставате лицето над пареа, ги отстранувате мртвите бактерии, а тоа ќе ви помогне да имате посјаен изглед.

3. Вашето лице ќе добие повеќе кислород

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Некои ја избегнуваат пареата затоа што страдаат од алергии. Но, тоа што кожата ви е црвена и иритирана се должи на уште еден позитивен ефект од пареата.

Една од најголемите придобивки од пареата е проширувањето на крвните садови и збогатувањето на кожата со кислород. Ако вашата кожа е црвена откако ќе престанете да го држите лицето над пареа, тоа значи дека имате голема количина кислород на лицето.

4. Ќе ја забавите појавата на брчки

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Сите знаеме дека брчките се нешто што милиони жени сакаат да ги одложат. Колагенот и еластинот се состојките што најмногу може да ви помогнат во тоа, но ако не сакате да консумирате колаген, пареата може да биде одлична алтернатива. Пареата овозможува брза циркулацијата и така се зголемува производството на колаген и на еластин, кои придонесуваат да имате еластична кожа и да го забавите појавувањето на брчките.

5. Кожата ќе почне да се хидрира природно

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Отстранувањето на себумот и на маслото од вашата кожа го тера вашето тело да произведува повеќе природни масла кои ја навлажнуваат кожата и го зголемуваат нивото на хидратација. Исто така, пареата ја зголемува пропустливоста на кожата, така што овозможува влажноста да поминува низ неа.

6. Ќе ги апсорбира производите за нега на кожата многу подобро

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Пареата не е целосен лек, но треба да се смета како суштински дел од целокупната нега на кожата. Најдоброто нешто во врска со пареата е што ќе добиете повеќе позитивни ефекти од сите кремови, лосиони и средства за чистење што честопати ги нанесувате на лицето.

Тоа се должи на брзата циркулација и оксигенација на вашата кожа. Бидејќи порите се слободни, тие може да апсорбираат повеќе. Бидејќи протокот на крв е посилен, вашето лице повеќе ќе реагира на производите. Кога вашата кожа е темелно навлажнета, кога ќе додадете серуми, тие ќе имаат позначително влијание.

Прочитајте што дерматолозите никогаш не би го ставиле на својата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар