6 работи што ќе ги научите ако вашиот најдобар пријател се пресели во друга земја

6 работи што ќе ги научите ако вашиот најдобар пријател се пресели во друга земја

Врските на далечина се тешки, но уште потешко е ако треба да одржувате контакт со вашиот најдобар пријател кој се преселил во друга земја, илјадници километри оддалечена од вашата. Секако дека можете редовно да се слушате преку Скајп и да комуницирате преку пораки, но не е исто чувството кога знаете дека не можете да запалите автомобил и да го видите секогаш кога ќе посакате. Доколку се наоѓате во слична ситуација и имате пријател или пријателка кои живеат во странство, ова се 6-те работи што ќе ги научите со текот на времето…

6 работи што ќе ги научите ако вашиот најдобар пријател се пресели во друга земја

1. Ќе знаете да ги пресметувате временските зони како вистински професионалци

Сигурно ќе ја знаете разликата во часовите помеѓу вас и вашите пријатели во кое било време. Секогаш ќе знаете кога треба да се разбудат, кога спијат и дали треба да чекате за да си дојдат од работата. И тие го прават истото за вас. Временските зони се напорни, но и интересни истовремено.

2. Видео повиците се неверојатен изум

Ќе мислите дека Скајп, Вајбер и другите апликации што овозможуваат видео повици се најдобрите изуми некогаш измислени! Кога веќе имате само 5 минути за да разговарате со вашите пријатели, сигурно ќе сакате да им го видите лицето. Понекогаш ќе го оставате Скајпот вклучен додека учите или работите, само за да добиете чувство дека сте во истата просторија.

3. Ќе бидете осамени

Ќе гледате фотографии од други друштва и ќе бидете тажни поради тоа што вашите пријатели не се во близина за да се сликнете и да објавите интересна фотографија на Инстаграм. Но, по некое време ќе сфатите дека вашето пријателство е многу поголемо од една обична објава на социјалните мрежи.

6 работи што ќе ги научите ако вашиот најдобар пријател се пресели во друга земја

4. Праќањето работи по пошта е многу скапо

Сакате да му испратите пакет на вашиот пријател во странство? Подгответе се да издвоите некој денар плус за пратката. Меѓународното праќање пакети по пошта е многу скапо, но целиот трошок вреди за моментот кога ќе го видите насмеаното лице на вашиот пријател поради тоа што сте се сетиле на него.

5. Караниците се уште потешки

Сите пријателства минуваат низ убави и лоши периоди, но кога пријателите не се тука, ситуацијата уште повеќе се комплицира. Со оглед на тоа што вашата комуникација ќе се сведува на пораки, многу ќе ви биде тешко да го разберете тонот со кој се кажани работите. Тоа може да доведе до уште повеќе караници и уште потешко ќе ви биде да го решите проблемот.

6. Далечината ќе го зацврсти вашето пријателство

Иако вашите најдобри пријатели живеат илјадници километри оддалечени од вас, сепак животот не би ви бил ист без нив. Ќе сфатите колку сте среќни што сте се запознале и што можете да ги споделувате сите ваши убави и лоши моменти. Километрите нема да ги оддалечат вашите срца кои секогаш ќе останат блиску едно до друго, сплотени во нераскинлива целина.

Доколку имате пријателство на далечина, прочитајте ги овие 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар