6 причини зошто треба да им давате домашни обврски на вашите деца
Имаме добри вести за сите родители: Најновите истражувања покажале дека децата кои помагаат околу домашните обврски можат да извлечат многу придобивки од тоа. Доколку се двоумите дали треба да му кажете на вашето дете да ги измие садовите или да избрише прашина, ова се 6-те причини кои ќе ве убедат да го натерате да ви помага по дома…
1. Ќе станат поуспешни
Резултатите од најновите истражувања покажале дека децата кои ги извршувале домашните обврски постигнале поголем успех во животот кога пораснале. Тоа е така затоа што научиле како да преземаат одговорност. Најдобри резултати покажале децата кои почнале да помагаат по дома на 3 и 4-годишна возраст. Испитаниците кои почнале да помагаат кога биле постари, на 15 или 16 години, не го доживеале истиот успех. Почнете со тоа што ќе побарате од вашето дете да си ги собере играчките и потоа преминете на потешки задачи, како на пример чистење на дворот.
2. Ќе бидат посреќни кога ќе пораснат
Тешко е да се поверува дека домашните обврски би ги направиле децата среќни, но според истражувањето на Универзитетот Харвард, тоа е навистина така. Истражувачите анализирале 456 испитаници и дознале дека децата кои работеле во детството имале подобро ментално здравје кога станале возрасни. Имајте го ова на ум кога вашиот тинејџер ќе почне да негодува поради звукот на правосмукалката.
3. Ќе научат како да си го организираат времето
Ако вашето дете има многу за учење и треба да оди на некој роденден, можеби ќе сакате да го поштедите од домашните обврски. Но, ескпертите советуваат да не го направите тоа. Вистинскиот живот ќе ги бара сите овие работи од него. Кога ќе порасне, вашиот син или ќерка ќе мораат да работат, да се грижат за домот и да се социјализираат. Доколку ги стекнат овие навики од мали нозе, нема да имаат проблем кога ќе пораснат.
4. Ќе имаат подобри врски со луѓето
Децата кои помагале по дома на рана возраст оствариле подобри односи со семејството и пријателите кога пораснале. Ова е така, затоа што домашните обврски им го покажуваат значењето на тимската работа и меѓусебното помагање што ја зголемува нивната емпатија. Колку поголема емпатија толку поквалитетни врски.
5. Ќе знаат како да управуваат со парите
Ако децата знаат дека не смеат да си играат со другарчињата или да гледаат телевиција додека не ги завршат домашните обврски, ќе научат како да бидат дисциплинирани и ќе развијат чувство на самоконтрола. Тоа ќе им помогне правилно да ги трошат парите и повеќе да заштедуваат.
6. Ќе стекнат значајни вештини
Тука не мислиме на тоа дека ќе научат како да чистат со џогер или да косат трева. На овој начин, тие ќе имаат можност да видат како функционираат хемиските закони преку готвењето или ќе научат повеќе за биологијата ако одблизу ги набљудуваат лисјата и дрвјата во градината. Освен тоа, тие ќе научат да бидат трпеливи, упорни и трудољубиви што се многу важни карактерни особини.
Нареден пат кога децата ќе се пожалат поради тоа што им давате домашни обврски, само изнесете им некој од овие аргументи и објаснете им дека го правите сето тоа за нивно добро. Со текот на времето ќе ве разберат и самите ќе почнат да ја нудат нивната помош.
Не сте убедени? Прочитајте зошто децата чии родители ги тераат да помагаат по дома се поуспешни.