6 причини зошто не треба да носите тесни фармерки
Ако малку се навратите во детството, најверојатно ќе се сетите дека сте мразеле да носите фармерки, бидејќи секогаш биле крути и не толку практични, барем за моментите кога сте сакале да играте и да скокате без никаква пречки. Тоа продолжува и понатаму да биде вистина, само што кога ќе пораснете имате други приоритети, а еден од нив е добар и атрактивен изглед. И тесните фармерки навистина го овозможуваат тоа, па затоа и долго време беа еден од модните трендови кој сите ги сакаа. Сега тој тренд се измени, па во фокусот се наоѓаат фармерките со рамен крој, машките модели, односно оние пошироките и кои не стегаат. Следуваат 6 причини зошто треба да ги избегнувате тесните фармерки и да им дадете предност на другите модели.
1. Не се добри за здравјето
Ова е првата, а воедно и најдобрата причина зошто би требало малку да се одморите од тесните фармерки. Бидејќи тие доста силно го стегаат целото тело, влијаат на циркулацијата која е забавена, и доаѓа до оштетување на нервните завршетоци, кои подоцна може да предизвикаат други бројни проблеми. Мода наспроти здравје! Знаете што треба да направите.
2. Не се практични за одмор
Кога ќе се вратите дома после напорниот ден на работа, после цел ден поминат на факултет или кога се одмарате за време на викендот, сигурно нема многу долго да издржите носејќи тесни фармерки, бидејќи нема да ви го овозможат потребното чувство за релаксирање. Пред сѐ, нема да можете ни да седите како што сакате, бидејќи ве попречуваат, па сигурно ќе ви бидат потребни некои широки фармерки или некои други парчиња облека кои ќе ви дадат целосно уживање.
3. Не одговараат на сечија градба
Без разлика колку некој се обидува да се „вовлече“ во претесните фармерки, правејќи го тоа по секоја цена, вистината е дека тие не може да ѝ стојат добро на секоја девојка. Ќе изгледате прекрасно доколку сте послаби, ако имате долги, витки нозе и рамен стомак, но во спротивно, ризикувате да си дадете самите на себе еден смешен одраз во огледалото.
4. Машките фармерки се подобри за секојдневни настани
Со широките „машки“ фармерки ќе изгледате убаво и модерно, а истовремено и лежерно и опуштено – тоа не може да се случи со тесните фармерки! Тие се многу удобни, па ќе ви дадат можност да го пренесете тоа чувство и на околината, бидејќи ќе уживате во комфорот и добриот изглед.
5. Моделите со рамен крој се подобри за лето
И додека моделите на фармерки со рамен крој, со должина до глуждовите, одлично се комбинираат во најразлични ситуации и прилики, уште еден факт доаѓа во нивна корист, а тоа е дека се подобри во текот на летните денови, отколку сосема тесните фармерки. Кога сте облечени во тесни фармерки, ќе ви биде многу потопло и неиздржливо надвор, отколку кога ќе изберете некои пошироки фармерки, кои му дозволуваат на воздухот да струи. Затоа паметно решение е да го споите модерното и корисното.
6. Тесните фармерки ги нагласуваат облините на лош начин
Ќе изгледа како да имате огромни колкови, а премногу слаби нозе. Наместо нив, пошироките модели на фармерки ќе ви дадат одлична можност да создадете совршена силуета и да ги прекриете недостатоците, а она што е убаво да го истакнете на добар и атрактивен начин.
Доколку не знаете што друго да облечете, ви предлагаме да ги погледнете овие панталони што совршено ќе ги заменат вашите омилени фармерки.