6 причини поради кои паровите треба заедно да гледаат порно филмови
Постои верување дека порно филмовите се штетни и придонесуваат за растурање на врските. Тоа не е точно. Научниците повеќе пати потврдиле дека нема ништо лошо во тоа, туку напротив, може да биде добро за оние кои го практикуваат. Нема потреба ниту паровите да се однесуваат поинаку. Тие ги имаат барем овие шест причини за тоа.
1. Станувате дел од фантазиите на другиот
Гледајќи ги заедно експлицитните сцени на секс нема да бидете опседнати само со ликовите и она што го гледате на екранот. Со оглед на тоа што двајцата сте заедно во таа „забранета“ активност, тоа значи дека доживувате една заедничка фантазија. Секој од вас ќе биде дел од фантазиите на другиот.
2. Учите за своите фантазии
Изборот на она што ќе го гледате зборува многу за вашите фантазии и ќе ви покаже што сакате, а немате храброст да го кажете. Не мора потоа да повторите сè што ќе видите таму, но ќе имате појасна слика за себе и за фантазиите кои ви се заеднички со партнерот.
3. Добро е за здравјето
Порнографијата е сатанизирана во денешното општество, но вистината е дека може да биде добра за здравјето. Некои студии покажуваат дека тоа може да придонесе за подобрување на квалитетот на животот, ставовите кон сексот и кон спротивниот пол. Инхибирањето на фантазиите е она што не е здраво.
4. Ќе излезете од зоната на комфорот
Заедничкото гледање на порно филмови може да ве зближи. Ќе излезете од зоната на комфорот со тоа што ќе го видите партнерот во едно поинакво светло во кое можеби не сте го виделе. Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно поради забранетоста на она што го правите, но бргу ќе го надминете тоа и ќе се чувствувате покомотно во врската.
5. Ќе научите по нешто ново
Ќе научите нешто ново за себе и за своите фантазии, а ќе научите и некој нов потег кој можеби ќе посакате да го изведете. Сигурно нема да изведете сè што може да се види таму, но ќе најдете нешто што ќе ви одговара.
6. Ќе ја намали желбата за други партнери
Порно филмовите овозможуваат поголемо ниво на задоволство поради сите веќе наведени причини, а кога постои задоволство во врската партнерите не се склони кон изневерување. Друг важен момент е „можноста“ отворено да се фантазира за други луѓе, што исто така ја намалува желбата за авантури надвор од врската.