6 причини да се пробате во планински велосипедизам

6 причини да се пробате во планински велосипедизам

Маунтинбајкот не е само обично возење велосипед. Може да ви опишуваме како е да се вози велосипед во дивината, но џабе е. Колку и да ви опишуваме, чувството кое ќе го добиете ако се пробате секако ќе биде подобро од она што кој било ви го опишувал. Тука ќе ви дадеме само неколку причини кои треба да ве убедат за побрзо да посегнете по точакот и да побрзате во природа.

6 причини да се пробате во планински велосипедизам

1. Тоа е авантура

Маунтинбајкингот со себе носи потреба да се истражува теренот и да се преземаат одредени ризици при тоа истражување. Ако возите некаде за прв пат, секој нареден метар за вас ќе биде нешто ново, нешто што треба да се осознае, понекогаш на полесниот а понекогаш и на потешкиот начин. Треба да изберете од која страна ќе се искачувате на ридот или планината, да најдете начин да ги избегнете сите оние гранки од дрвјата кои ви се испречуваат на патот или пак како најлесно да поминете по тесниот мост. Тоа со себе носи одредено ниво на ризик, поради можните грешки, како на пример при одредувањето кој пат да се избере или поради ризикот од паѓање од велосипедот. Овој спој од ризик и истражување гарантира авантура.

2. Ќе откриете нови места или стари места на нов начин

Истражувањето со маунтинбајкот не подразбира само возење на места каде што не сте биле до сега. Земете го велосипедот и одете некаде во околината на вашиот град или село, некаде каде што веќе сте поминале многу време. Ова ново возење ќе ви овозможи да го истражите и видите истото тоа место на поинаков начин. Уживањето во живописноста на местата од вашето опкружување е загарантирано.

6 причини да се пробате во планински велосипедизам

3. Одлична вежба за телото

Маунтбајкингот е доста тежок спорт. Потребен е напор за да се искачувате по ридски предели, не е лесно ниту да се спуштате, а дури и возењето по рамен терен е понапорно отколку при возењето велосипед на асфалт. Еден час маунтбајкинг согорува 500–600 калории, отприлика колку и пливањето. Особено добро ги обликува нозете и задникот.

4. Добар е за психичкото здравје

Самото поминување време во природата позитивно влијае на ослободувањето од стресот. По двочасовното авантуристичко возење ќе се чувствувате посмирено, посреќно и со повеќе енергија.

6 причини да се пробате во планински велосипедизам

5. Ве држи присутни во сегашниот миг

Земете со себе телефон за итни случаи, но немојте да го користите додека сте во природа. Бидете присутни овде и сега, во сегашниот миг. Видете каде ве носи патеката, вртете на педалите, воодушевувајте се на пејзажите околу вас…

6. Ќе се уверите во сопствените способности

Возењето велосипед во диви предели може ќе побара од вас да поправите некој ситен дефект на велосипедот, да побарате храна во дивината, а сигурно ќе побара и да се искачите по планина или опасните спустови да ги изведете на возбудлив, но истовремено безбеден начин. Маунтбајкингот е полн со предизвици. Нивното совладување ќе направи да се чувствувате сигурни во своите способности и ќе ви ја покачи самодовербата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар