6 одлични алтернативни форми на медитација

6 одлични алтернативни форми на медитација

Ако некогаш медитацијата била форма на духовно изразување денес сè повеќе зема замав во науката со многу научни докази кои тврдат дека медитацијата е корисна. Бенефициите од медитацијата се безбројни, од борба со депресијата или анксиозноста до борба против стареењето, инфекциите и осаменоста.

Сепак, многумина никогаш не би успеале да медитираат и да го достигнат тоа чувство на потполна смиреност од проста причина што не може да седат мирно 20 минути. Ова се однесува на воркохолиците, луѓето кои често практикуваат мултитаскинг, оние кои се навикнати на брз начин на живот. Еве како оние кои не можат да медитираат можат да ги почувствуваат бенефициите од медитирањето.

6 одлични алтернативни форми на медитација

1. Слушајте музика

Кога последен пат слушавте музика? Не станува збор за слушање музика во кафуле или на радио додека возите. Прашањето е кога последен пат навистина слушавте музика? Кога последен пат се внесовте во музиката, во ритамот, во текстот. Кога последен пат целосно бевте понесени од она што го слушавте, ги затворивте очите и ја искусивте музиката? Не можете да се сетите, нели?

Медитацијата ве „вади“ од сегашниот миг, грижите и преокупираноста и ве тера да обрнете внимание на сетилата. Истото може да го постигнете со музиката. Само затворете ги очите, ставете ги слушалките на уво и дозволете да ве понесе.

6 одлични алтернативни форми на медитација

2. Играјте како никој да не ве гледа

Уште од памтивек племињата го употребувале танцувањето со различни цели, да стапат во контакт со боговите, да го избркаат злото, да го повикаат дождот и сл. Танцот е волшебен лек на душата, само што за жал, неретко сме премногу преокупирани со тоа кој нè гледа и како изгледаме од страна наместо едноставно да танцуваме.

Станете едно со музиката. Танцувајте смело и слободно како никој да не ве гледа, или уште подобро правете го тоа кога никој не ве гледа. Целосно ослободете се и препуштете им се на движењата. Ослободете се од целата негативна енергија и владејте со просторот и времето. Заборавете на вашиот имиџ, на тоа што сте и како би требало да се однесувате. Немате никаква титула, никаква забрана ниту пак ограничување. Затоа играјте слободно.

3. Цртајте

Застанете и погледнете низ прозорецот. Што гледате? Почнете да го цртате она што го гледате на лист хартија. Дури и ако мислите дека не цртате добро, земете молив и почнете да цртате, да илустрирате, да забележувате. Цртањето ве тера да се концентрирате на она што го гледате и вистински да го видите. Да се сконцентрирате на боите, нијансите, сончевата светлина, сенките и формите. Не грижете се за квалитетот на цртежот, не мора никому да му го покажете.

4. Вежбајте јога

Не само што е одлична за флексибилност и сила, јогата е во најблиска врска со медитацијата. Со помош на потезите и правилните вдишувања и издишувања ќе дојдете во допир со самите себе, наоѓајќи совршен баланс и смиреност. Почнете со јога инструкции кои се лесно достапни на интернет или пак запишете се на часови по јога.

6 одлични алтернативни форми на медитација

5. Јадете правилно

Наместо да ѝ се посветиме на храната, во овој брз свет ние само гледаме да се нахраниме, да ја заситиме нашата потреба за храна и да го победиме гладот. Наместо тоа забораваме да уживаме во храната, во вкусовите, во сочноста или текстурата. Нареден пат кога ќе го јадете вашиот оброк не брзајте, џвакајте долго, уживајте, покажете благодарност за храната, не преоптоварувајте се со обврските што ви следат. Седнете и посветете ѝ внимание на храната.

6. Извршувајте ги домашните обврски

Всушност речиси сè може да ја има улогата на медитација доколку решите да го ослободите умот и да се посветите на вашите сетила. Телевизијата и видеоигрите, на пример, никогаш не би можеле да бидат во улога на медитација бидејќи не ви го ослободуваат мозокот ниту пак ве стимулираат на слобода и одделување од овој презаситен свет.

Релаксирајте се со извршување на домашните обврски, колку и да ви звучи иронично. Пробајте да се посветите само на една работа во моментот. Ако миете садови тогаш мијте садови, ако бришете прозорци тогаш правете го тоа. Фокусирајте се на вашата задача и ослободете го мозокот од товарот предизвикан од она што било или она што допрва доаѓа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар