6 нешта што мажите ги бараат во жените од нивните соништа

6 нешта што мажите ги бараат во жените од нивните соништа

Многумина веруваат дека жените се посложени суштества од мажите. Но, верувале или не, ни мажите не се толку едноставни колку што делуваат. Токму затоа е добро да знаете што точно тие бараат во жените од соништата, во совршените партнерки за нив

1. Непредвидлива спонтаност

Мажите ја ценат спонтаноста, како и необичните идеи. Прекрасните жени чиј најголем адут е нивната совршена надворешност многу често брзо им досадуваат, бидејќи откако ќе исчезне првичната страст, потоа и на мажите им е потребна подлабока поврзаност. Ако сакате да го задржите партнерот крај себе, обидете се да го задржите и нивото на адреналин на истото ниво како и кај него.

2. Цврст карактер

Мажите обожаваат жени што имаат цврсти ставови и размислуваат со своја глава на најразлични теми, а ги одбегнуваат оние што ги менуваат своите идеи на секои две минути затоа што не се доволно информирани, или пак за да ги направат среќни нив. Држете се до своите размислувања, без разлика на сè и никогаш нема да му здодеете на вашиот партнер.

3. Искрена насмевка

Најверојатно веќе сте чуле или сте прочитале дека девојките што постојано се насмеани се сметаат за поубави и пошармантни. Искрената, природна насмевка е нешто што постојано ги освојува мажите. Таа е позабележлива дури и од шминката и добрата облека. Понекогаш доволно е само да се насмеете и тој ќе падне на колена пред вас…

4. Висока самодоверба

Мажите обожаваат амбициозни жени што го кажуваат она што го имаат на ум. Сепак, не заборавајте дека и двете страни треба да вложуваат во врската, па кога има некаков проблем, не треба тврдоглаво да стоите на своето мислење туку отворено да поразговарате со вашиот партнер. Што се однесува до мажите, тие воопшто не се привлечени од жените што „постојано се во право“.

5. Силно почитување

Жената треба да има на ум дека нејзиниот партнер има семејство, како и пријатели. Таа мора да го почитува доволно и него и неговите најблиски и никогаш да не застане меѓу нив. Дури и ако тој сака постојано да е со вас, понекогаш едноставно треба да се оттргнете малку и да здивнете еден од друг за здравјето на вашата врска. Ништо што е претерано не е добро за вас.

6. Смисла за хумор

Смислата за хумор е еден од најбараните квалитети, како кај жените така и кај мажите. Личноста со добра смисла за хумор, што е способна да ве насмее во секоја ситуација, секогаш ќе ве привлекува, без разлика на полот.

Прочитајте ги и овие 8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат „совршените“ жени!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар