6 навики кои ќе ве направат попаметни

6 навики кои ќе ве направат попаметни

Секој сака да биде попаметен, да изгледа подобро и да поседува повеќе вештини. Сепак мозокот е комплексен орган за кој не знаеме многу. Иако можеби сте слушнале дека медитацијата и вежбањето може да ја подобрат неговата работа, постојат и некои други работи кои ќе ви помогнат во тренирање на вашиот мозок.

1. Научете да свирите инструмент

(1)6-naviki-koi-kje-ve-napravat-popametni-kafepauza.mk

Свирењето помага во подобрување на креативноста, аналитичките способности, јазикот, математиката и моторните вештини. Исто така со свирењето ја подобрувате меморијата, решавањето проблеми и целокупното работење на мозокот.

2. Секојдневно читајте весник

(2)6-naviki-koi-kje-ve-napravat-popametni-kafepauza.mk

Не само што ќе бидете информирани за случувањата во светот, туку ќе се изложите на нови култури и разни мислења. Читањето весник за само неколку месеци ќе ја подобри вашата комуникација.

3. Одвојте време за игри

coffee and crossword

Наместо да гледате телевизија, играјте игра која го предизвикува вашиот мозок. Судоку, крстозбори, па дури и видео игрите го подобруваат вашето логичко размислување и вашата способност за решавање проблеми.

4. Учете нов збор секој ден

(4)6-naviki-koi-kje-ve-napravat-popametni-kafepauza.mk

Ова можеби е најлесниот и најбрзиот начин да ја зголемите вашата интелигенција. Можете да симнете некоја ваква апликација на вашиот смартфон, или пак да користите енциклопедија. Проширете го вашиот вокабулар и знаење.

5. Одвојте време за вежбање

Athletic Army Doing Push Up Exercise at the Beach

Вежбањето го подобрува здравјето на мозокот. Ја подобрува вашата меморија, способноста за учење, фокусот и концентрацијата. Па, направете си фитнес план и држете се до него бидејќи покрај прекрасното тело ќе имате и посилен ум.

6. Медитирајте

(6)6-naviki-koi-kje-ve-napravat-popametni-kafepauza.mk

Дајте ѝ шанса на медитацијата. Со неа не само што ќе го намалите стресот, туку и ќе ја зголемите вашата интелигенција. Импресивен е фактот дека монасите кои секојдневно медитираат имале зголемување на сивата мозочна маса. Медитацијата функционира бидејќи го тренира мозокот да се фокусира и да се ослободи од непотребните мисли.

Погледнете ги и овие навики кои ќе ви помогнат да ја зголемите вашата интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар