6 намирници што може да ги јадете навечер без да се здебелите
Научниците и лекарите посочија дека е корисно, па дури и од суштинско значење да јадете навечер. Но, за да избегнете тешко варење на храната, неквалитетен сон и зголемување на телесната тежина, треба мудро да ги изберете намирниците за вашата вечера. Исто така, не заборавајте на големината на порција. Погледнете кои намирници ќе ви донесат здравствени придобивки, дури и ако ги јадете ноќе.
1. Јајца
Јајцата се извор на протеин што содржи есенцијални аминокиселини и тие брзо прават да се чувствувате сити. Најдобриот избор се тврдо варените јајца. Омлетот и пржените јајца се исто така добра опција за вечера, но само ако ги готвите во минимална количина масло (или ако воопшто не употребувате масло).
2. Сирење и грозје
Мало парче сирење има само околу 100 калории, но ќе ви причини многу задоволство и ќе ви донесе придобивки во форма на триптофан, протеин и казеин. Казеинот може да ви помогне да се чувствувате позадоволни и е добар за здравјето на мускулите ако го консумирате пред спиење. Неколку зрна грозје, кои се богати со мелатонин, ќе ви бидат од полза за спиењето.
3. Мисирка
Ако претпочитате потежок оброк, мисирката е залиха на триптофан и на здрави протеини. Подобро е да ја изберете оваа намирница наместо пилешко месо бидејќи организмот полесно ја вари.
4. Хумус со стапчиња од зеленчук
Хумусот се прави од леблебија, која е богата со витамин Б6, а овој витамин е важен за синтезата на серотонин. Ако одлучите да јадете доцна во ноќта, најдобриот додаток на ова јадење се стапчињата од краставица, тиквички или моркови.
5. Пченка
За ужина доцна во ноќта, подобро е да изберете варена пченка наместо конзервирана. Оваа намирница го отстранува вишокот холестерол од телото. Но, не треба да додавате премногу путер или сол на пченката.
6. Риба
Ако јадете доцна навечер, подобро е да се одлучите за мрсна риба. Изберете риба богата со хранливи материи и омега-3 масни киселини кои се познати по својата способност да ги разградуваат мастите. Протеините што ги содржат рибите се исто така добри за метаболизмот.
Прочитајте кои 11 намирници немаат рок на траење.