6 најпопуларни модни трендови за лето 2017
Колку повеќе трендови, толку повеќе време за одлучување како да се облечете за некоја прилика. А, со оглед на тоа дека постојат многу повеќе трендови одошто е потребно, вистинска мака е да пронајдете совршена комбинација во секој момент. Но, можеби е најдобро да ги одовите најдобрите и најпопуларните трендови за ова лето, па секогаш да имате најдобра и најатрактивна модна комбинација.
1. Бандана
Пред неколку сезони кратките марами, односно банданите, беа едни од најпопуларните аксесоари помеѓу девојките со различни стилови. Ова е тренд кој повторно се врати на модната сцена, само што повеќе не се носи на главата, на чантата, во џебот на фармерките, туку околу вратот.
2. Едноделен костим за капење
Ако ги следите трендовите, тогаш најверојатно сте забележале дека бикинито замина во заборав. Сѐ повеќе девојки се одлучуваат за едноделни костими за капење кои даваат доста заводнички и сексапилен изглед кој воодушевува, заради што и дојде до голема популарност на овој тренд.
3. „Бушави“ папучи
Ве нервирале или не, овие папучи се еден од трендовите кои скоро секоја девојка веќе ги обожава. Заедно со костими за капење, некои полежерни комбинации или со свечени фустани, ова се дефинитивно обувки кои одговараат за сите прилики. Токму тоа ја донесе нивната популарност, но и да не го заборавиме нивниот атрактивен и занимлив изглед.
4. Плетена чанта
Чантата што личи на торба за пазарење, во која се носи овошје и зеленчук, неодоливо потсетува на 80-тите години на минатиот век, кога и почнаа да се носат вакви модели. Како многуте, ова е уште еден тренд кој ни се врати, а ние силно го прегрнавме. Тие прават целата комбинација да изглед поубаво и потопло.
5. Кариран принт
Иако не е класична карирана шара, сепак можеме така да ја дефинираме. Во секој случај, ова лето не се препорачуваат цветните принтови и дезени, бидејќи овој принт го презеде водството.
6. Машка капа
Капата која изгледа како баретка со кратко продолжување и наликува на капа која некогаш ја носеле мотоциклистите е голем хит во светот на модата. Веќе некое време наназад овој модел се појави и во женска варијанта, а сега дефинитивно е еден од најпопуларните трендови што постојано се носат.
Погледнете уште неколку модни трендови кои ќе доминираат во текот на сезоната пролет/лето 2017