6 начини кои ќе ви помогнат да го сакате вашето тело од утро до вечер
Понекогаш е тешко во текот на целиот ден да останеме имуни на погледите и коментарите на другите луѓе во врска со нашиот физички изглед. Меѓутоа, со помош на овие 6 чекори ќе ја задржите самодовербата и ќе го сакате вашето тело од моментот кога ќе се разбудите па сѐ до времето на заспивање!
1. После будењето
Посакајте си на себе добро утро, протегнете се и „запрашајте“ го вашето тело како се чувствува. Доколку некои чувства ги чувате само за себе, можете да предизвикате појава на болки и болести. Ќе се изненадите кога ќе сфатите на кој начин емотивната отвореност кон себе може да ви помогне да се чувствувате подобро и поздраво.
2. Пред излегување од домот
Запрашајте се што е она што го сакате – доколку не се чувствувате доволно добро за интензивен тренинг, подобро одлучете се за друг вид физичка активност. Не мора секој ден да вежбате на ист начин, бидејќи и не се чувствувате секој ден идентично.
3. Пред јадење
Запрашајте се дали сте навистина гладни или би јаделе поради досада. Откако ќе седнете да јадете, бидете потполно сконцентрирани на она што го внесувате во вашиот организам – не гледајте телевизија, а телефонот оставете го настрана. Во спротивно можете несвесно да се прејадете. Доколку сте нерасположени, подобро повикајте ги пријателите, прошетајте се или медитирајте.
4. Пред проверување на социјалните мрежи
Обидете се да извежбате пред да проверите што се случува на разните социјални мрежи. На тој начин ќе се чувствувате задоволно со себе, пред да видите со што се занимаваат другите луѓе и како тие изгледаат. Исто така, не заборавајте дека социјалните мрежи ни даваат само дел од нечиј живот, често разубавен и недоволно реален.
5. Почестете се
Грижете се за вашето тело, како што би се грижеле за другите. Наградувајте се, правете паузи кога сте уморни и фокусирајте се на она што сте го направиле добро. Запомнете дека вашиот ум е многу моќен, а вашите мисли имаат големо влијание на вашата реалност.
6. Пред спиење
Добро е да се присетите на сето она што сте го направиле добро во текот на денот, пред да се спремите за спиење. Потсетете се што е она за што сте благодарни, поради што се чувствувате добро и што можете да унапредите кај себе.