6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Топлите температури конечно го достигнуваат својот врв и еден по еден, сите почнуваме да правиме планови за летниот одмор. Имајќи го тоа на ум, ако сте како и сите останати девојки на оваа планета, тогаш сигурно ќе сакате да направите неколку незаборавни фотки по кои ќе ја памтите вашата летна авантура. Еве како да го постигнете тоа…

1. Стојте на прсти

(1) 6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Наклонот на плажата може да биде суров, особено кога станува збор за директните фотографии. Најдобриот начин да балансирате за овој проблем е да глумите дека носите замислени високи потпетици. На овој начин ќе ги издолжите вашите нозе, но истовремено и ќе направите да изгледаат многу позатегнато.

2. Префрлете ја тежината од едната страна

(2) 6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Да, аглите навистина имаат големо значење. Вртењето на вашето тело или ногата (дури и минимално) може да има големо влијание врз тоа како изгледате на фотографиите. Едноставно потсетете се на вашите омилени ѕвезди и нивните пози на црвениот тепих…

3. Подигнете барем една рака нагоре

(3) 6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Најлошото нешто што можете да го направите во која било фотографија (со костим за капење или без) е да ги опуштите рацете покрај вас. Токму затоа посегнете по шеширот, вашите очила за сонце или направете што било друго што во тој момент ви делува природно и опуштено.

4. Не заборавајте да ја навалите вашата брада

(4) 6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Кога сонцето е високо на небото може да „фрли“ сурови сенки на вашето лице. Со подигнувањето на главата нагоре, дури и за сантиметар, можете да се ослободите од сите видови темнини и да го осветлите вашето лице за фотографијата.

5. Користете ја водата во ваша корист

(5) 6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Брановите се вашите најдобри пријатели кога станува збор за покривање на оние делови од вашето тело кои ви предизвикуваат несигурност, како колковите или нозете. Само осигурете се дека стоите исправено со цел да ја скриете вашата намера.

6. Никогаш не заборавајте, позирањето не е секогаш основа за легендарните фотографии

(6) 6 начини да изгледате пофотогенично во вашиот костим за капење

Колку и да се трудите, едноставно не можете да ја направите совршената фотографија „во движење“ доколку притоа се обидувате да се наместите во таква положба. За овие фотографии е потребна друга личност, која воопшто нема во план да ве фотографира – но, ќе го стори тоа бидејќи ќе почувствува дека набљудува нешто легендарно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар