6 мудрости на будизмот кои ќе го променат вашиот живот
Секој човек во животот посакува да биде среќен, а будизмот го нуди токму тоа – склоп на различни верувања, традиции и обичаи кои формираат пат кон наоѓање на таа среќа, мир и исполнетост. Оваа религија претставува духовно развивање на личноста и како таква, таа е повеќе начин на живот кој му овозможува на човекот да најде внатрешен мир, мудрост и добрина, за само потоа тој да може да го пренесе тоа во сите останати гранки од својот живот.
Будизмот има големо влијание на светот денес, а ќе видите и зошто откако ќе ги прочитате следниве 6 мудрости според кои се води будистичкото верување.
1. Живејте живот исполнет со сочувство и добри дела
Сочувството е нешто што е основно доколку сакаме да најдеме внатрешен мир. Имајќи го ова, луѓето се способни да прават добри дела и да бидат задоволни сами со себе. А кога некој се чувствува убаво и исполнето, тој некој ќе биде добар и кон останатите.
2. Обрнете внимание
Светот претставува смеса на презафатени луѓе, со преисполнети денови и премалку време за тоа што е навистина важно. За жал, многу од луѓето се освестуваат кога е веќе предоцна за тоа. Но убавината е во малите нешта кои од вас бараат да обрнете повеќе внимание на нив. Отворете ги очите за да го видите она што се наоѓа пред вас.
3. Бидете промената по која трагате
Како една од најмоќните изреки кои постојат, овие неколку збора се сѐ што ви е потребно да запомните доколку сакате да го гледате светот со поинакви очи. Секогаш, ама баш секогаш, она што го гледате е одраз на тоа какви сте вие како луѓе. Бидете позитивни и во сѐ ќе успеете да ја пронајдете позитивната страна.
4. Прифатете дека еден ден ќе ве нема
Игнорирањето на фактот дека еден ден неизбежно ќе заминеме од овој свет е нешто што нѐ спречува да го живееме животот до максимум. Мислејќи дека имаме време, одложуваме. Но вистината е дека времето лета и колку побрзо го прифатиме тоа, толку побрзо ќе почнеме да живееме во моментот и да бидеме навистина среќни.
5. Исхраната е важна
Храната која ја внесуваме во организмот игра неверојатно голема улога во нашиот живот. Свестувањето за ова е нешто кое сигурно води кон посреќен живот. Внимавајте што јадете, ценете го своето тело и своето здравје, изберете среќа.
6. Ослободете се од трите најстрашни отрови
Алчност, омраза и залажување – ова се трите работи за кои будистите веруваат дека го трујат сечиј живот. Како одговорни за поголемиот дел од негативната енергија која ја чувствуваме, единствениот начин да бидеме среќни и да најдеме внатрешен мир е доколку се ослободиме од нив. Само треба да најдеме начин.