6 модни трендови за пролет 2018 што можете да ги носите и сега
Сигурно мислите дека е премногу рано за да разговараме за пролетните трендови, но се лажете, бидејќи модата е секогаш да бидете барем еден чекор пред актуелната сезона. Токму затоа и сите модерни девојки веќе ги подготвуваат своите омилени модни комбинации за убавото време. Ако сакате и вие да бидете подготвени за топлите пролетни зраци сонце, ова се шест тренда кои морате да ги знаете, а поголемиот дел од нив можете да ги носите уште сега.
1. Темен тексас
Кога ќе пристигне пролетта скоро сите облекуваат силни и светли бои, но тоа нема да биде случајот и со фармерките. Во новата сезона ќе се носат темни нијанси, па дури и во црна боја.
2. Ориентален принт
Најпопуларниот пролетен принт добива ориентална трансформација и оваа сезона ќе се носат цветни парчиња облека инспирирани од Блискиот Исток.
3. Сатен
Нежната ткаенина ќе доминира во сезоната која ни следува, а најдобро изгледа на женствените фустани и софистицираните блузи.
4. Откачени мантили
Класичните мантили во новата сезона малку ќе „откачат“ и ќе бидат украсени со карнери и други интересни и невообичаени детали.
5. Нагласени рамена
Тренд од осумдесеттите на чие враќање никој не се надевал повторно ги враќа во мода нагласените рамена. Но, ако не сте љубител на сако со перничиња, ќе бидат во тренд и со блуза која има малку поголеми ракави.
6. Пастелни нијанси
На бебешко розовата оваа пролет ѝ се придружуваат и сите останати пастелни нијанси, а најпопуларна ќе биде виолетовата, која е најавена како хит боја за 2018-та година.