6 клучни нешта кои висината ги кажува за вашето здравје

6 клучни нешта кои висината ги кажува за вашето здравје

Не постои „совршена“ висина која може да ви гарантира само добро здравје, бидејќи нашиот раст има силно влијание врз состојбата на организмот. Од една страна, вишокот сантиметри во некои случаи може да го намали ризикот од одредени чести здравствени проблеми, но истото може да се случи и кај оние со низок раст…

6 клучни нешта кои висината ги кажува за вашето здравје

АКО СТЕ НИСКИ…

Имате помали шанси за развивање тешки болести

Болестите на тироидната жлезда, бубрезите и дигестивниот систем, како и со меланомот се поврзани со висината. Три големи истражувања ни покажале дека оние кои се повисоки од 162 сантиметри, многу почесто заболуваат од овие болести отколку оние кои се високи околу 155 сантиметри. Се работи за значајна разлика од 30 до 40 проценти. Високите личности имаат поголеми органи и повеќе клетки, па токму затоа и шансата за мутации кои водат до болести се зголемени. Исто така големи се шансите и хормоните кои влијаат на растот да влијаат и врз ризикот од заболување.

Помалку треба да се грижите за згрутчување на крвта

Доколку сте високи до 157 сантиметри и имате нормална телесна тежина, тогаш имате 3 пати помали шанси за мозочен удар. Истражувањата спроведени на еден норвешки универзитет ни покажуваат дека во крвотокот на високите жени настанува намален тек на крвта, бидејќи таа мора да помине поголема дистанца. Токму затоа и може да дојде до згрутчување на крвта.

Имате големи шанси за долг живот

Еден од гените кои се задолжени за тоа, исто така се одговорни и за нискиот раст. Научниците од медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн утврдиле дека мутацијата на гените влијае врз одредени хормони за раст, додека истовремено го продолжува животниот тек.

АКО СТЕ ВИСОКИ…

Вашето срце е побезбедно

Високите личности имаат помали шанси за развој на срцеви болести од ниските. Секако, тоа не ви дава слобода да пушите, пиете и јадете нездрава храна. Висината може да ви овозможи одредена заштита, додека останатото е на вам и вашите животни навики.

Имате силен ум

Според прелиминарните истражувања спроведени од универзитетот во Единбург, деменцијата многу почесто ги погодува ниските жени. Научниците веруваат дека најголемите фактори за тоа се детските болести, стресот и несоодветната исхрана кои исто така влијаат и на нискиот раст, а не само генетиката.

Жените полесно се справуваат со бременоста

Високите идни мајка многу ретко заболуваат од труднички дијабетес кој се појавува за време на бременоста. Научниците од универзитетот во Њујорк спровеле истражување на 220 илјади трудници и откриле дека гените поврзани со висината најверојатно имаат и некаква поврзаност со толеранцијата на гликоза.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар