6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Нема потреба да ги убедувате љубителите на зелената боја во нејзината единственост и разновидност. Зелената е симбол на природата, на нејзино обновување и растење, а исто така е познато дека глетката на зелените нијанси создава чувство на смиреност. Меѓутоа, жените се плашат да ја носат зелената боја, пред сè, затоа што сметаат дека избраната нијанса нема да одговара на бојата на нивната кожа или веруваат дека е тешко да се комбинира. Сепак, нема причина да се плашите затоа што зелената боја воопшто не е тешка за комбинирање, а подолу ќе откриете кои бои најдобро одговараат со неа.

1. Бела

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Ако не знаете од каде да започнете, започнете со белата боја. Таа е непогрешлива и одговара на сите бои во спектарот, вклучувајќи ја и зелената боја, без оглед на нијансата.

2. Беж

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Ако белата боја не е соодветен избор, а сепак ви треба некоја неутрална боја, изберете беж нијанса.

3. Темносина

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Покрај црната, и темносината боја е кралица на темните неутрални нијанси. Совршено се комбинира со речиси сите нијанси на зелена боја.

4. Розова

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Ова е комбинација создадена само за најсмелите модни играчи.

5. Виолетова

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Зелената и виолетовата се контрастни бои, но совршено се совпаѓаат.

6. Жолта

6 бои со кои може да ја комбинирате зелената боја

Секоја боја е посебна сама по себе, а кога се во комбинација, формираат непобедливо и смело модно дуо.

Погледнете ги овие 6 предлози како да го носите сакото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар