6 бои на лакови за нокти што ќе бидат хит оваа пролет
Со овие нови и навистина популарни бои, вашите нокти ќе изгледаат спектакуларно. Па, погледнете кои лакови ќе бидат хит оваа пролет.
1. Пролетна виолетова
Оваа нијанса е навистина нежна, па би требало да ѝ дадете шанса. Пролетната виолетова е посветла, пастелна нијанса на виолетовата или бојата на јоргован.
2. Морско сина
Сигурно уште со првите сончеви зраци помислувате на море. Оваа пролет можете да уживате во бојата на морето со овој лак за нокти.
3. Пудра розова
Веројатно веќе знаевте дека оваа нијанса ќе биде хит, бидејќи речиси секогаш ја гледаме во пролетната сезона.
4. Магента
Доколку сакате црвена или пурпурна боја, тогаш одберете магента. Иако е малку потешко да ја комбинирате со други бои, со неа сигурно ќе изгледате навистина привлечно.
5. Корално црвена
Ова е огнена и привлечна нијанса, па нема да остане незабележана. Токму тоа е и нејзината цел – да привлече сечие внимание.
6. Боја на праска
Станува збор за неутралната беж нијанса, со светло розови примеси. Крајниот резултат е сочна и светла боја на праска, која може да направи вашите нокти да изгледаат подолги.
Погледнете ги и најпопуларните нијанси на кармин за оваа пролет.