50 слатки начини да кажете „те сакам“ без зборови

50 слатки начини да кажете „те сакам“ без зборови

Автор: Софија Сионова

Барате слатки начини да кажете „те сакам“ без притоа да користите зборови или пак некој вообичаен романтичен гест за партнерот? Ако одговорот е „да“ тогаш еве листа на 50 слатки начини како да изразите љубов.

1. Залепете самолепливо ливче на шофершајбната

Додека партнерот се тушира, исечете срцевидно ливче и на него напишете „те сакам“ со смајли и закачете го на шофершајбната од колата. Ова е одличен начин за започнување на денот.

1-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mk

2. Спакувајте му/ѝ ручек

Навистина е скапо секој ден да излегувате од работа за да ручате со партнерот. Наместо да плаќате екстремно за скап и нездрав оброк, направете домашна храна приготвена со многу љубов.

3. Оставете бакнеж на огледалото

Ставете малку црвен кармин на усните и бакнете го огледалото. Исто така, можете да напишете и „те сакам“. Дефинитивно ќе предизвикате насмевка на лицето на партнерот. Мажите можат да го прескокнат овој предлог. 🙂

4. Однесете му/ѝ цвет

За женскиот пол е доволно познато дека сака букети. Можеби делува необично, но и мажите сакаат цвеќиња. Оставете му црвена роза на масата.

5. Исчистете ја колата

Жените навистина немаат време за да ја измијат колата. Мажите знаат да бидат прилично растурени. Затоа почестете го/ја со изненадување – миење на колата, па и нешто плус…

6. Направете го омиленото јадење

Велат дека најлесен пат до срцето е преку стомакот. Затоа кажете „те сакам“ така што ќе го приготвите неговото/нејзиното омиленото јадење. Ако не ве бива за готвење, тогаш порачајте нешто од неговиот/нејзиниот омилен ресторан.

7. Појавете се голи

Уште еден начин за искажување љубов е да го/ја чекате гол/а или во слатка долна облека кога ќе дојде дома од работа. Сепак, претходно осигурете се дека нема да донесе гости.

8. Флертувајте во јавност

Одличен начин за кажување „те сакам“ е и флертувањето во јавност. Секој сака малку внимание, а уште кога може да се пофали со тоа, тогаш уште подобро.

9. Величајте го/ја малку

Нахранете му/ѝ го егото. Нема човек што не го сака тоа.

10. Напишете поезија

Ако сте од покреативните луѓе тогаш напишете му/ѝ поезија. А веќе ако не сте креативни, побарајте малку хаику за слатко „те сакам“.

5-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi.kafepauza.mk

11. Пишувајте му/ѝ слатки пораки во текот на денот

Заљубените секогаш сакаат да знаат дека постои некој кој се грижи за нив. Испратете една СМС порака во денот за да покажете дека ви значи.

12. Оставете картичка на перницата

Оставете едноставна картичка (купечка или рачно направена) на креветот откако ќе го наместите.

3-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mk

13. Купете му/ѝ кадифена играчка

Ако има омилена играчка, купете му/ѝ мала кадифена играчка за да го потсетува на вас.

14. Оставете мала белешка во чантата за на работа

Малото ливче со „те сакам“ пикнато во нотесот знае да направи чуда во текот на работниот ден.

15. Напишете на тротоар

Ако сте похрабри, земете креда и напишете „те сакам“ на тротоарот за сите да можат да видат колку го/ја сакате.

16. Направете колачиња

Посладок начин за искажување љубов од овој? Не постои. Уште ако се во форма на срце…

1.2-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi.kafepauza.mk

17. Балон во форма на срце

Едноставно преслатко!

18. Наполнете тегла со белешки

Пикнете повеќе мали белешки во кои кажувате зошто го сакате партнерот и оставете го да одбира по една секој ден.

19. Оригами

Ако сте вешти, направете животинче од оригами и оставете го на видливо место.

2-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mk

20. Мала книга со поезија

Купете мала книга со поезија и напишете љубовно писмо на внатрешната страна од кориците.

21. Ставете ваша слика во чантата за на работа

Не само што ќе му/ѝ го олесните напорниот ден на работното место, туку и ќе го/ја потсетите дека нешто убаво го/ја чека дома.

22. Пуштете му/ѝ секси слика

Во текот на неделата пуштете му/ѝ слика на која изгледате секси. Ќе биде прекрасно изненадување.

23. Однесете го/ја на пикник

Ова е одлична идеја ако не излегувате доволно.

24. Оставете му/ѝ говорна порака

Следниот пат кога ќе го/ја побарате, а неговиот/нејзиниот телефон ќе биде исклучен, наместо веднаш да исклучите, кажете само „те сакам“.

25. Поделете сладолед

Купете банана сплит и поделете го. Сигурно и нешто друго ќе ви текне…

26. Подгответе домашно кино

Подгответе пуканки и романтичен филм, ваквото релаксирање ќе биде добредојдено.

27. Масажа

После долгиот работен ден ништо не е подобро од масажа.

2.2-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mk

28. Наполнете тегла со омилените бонбони

Вашата тегла со омилените бонбони ќе изгледа одлично на неговото/нејзиното работното биро.

29. Напишете „те сакам“ на друг јазик

Оставете ливче со „те сакам“ напишано на кој било друг јазик и оставете го партнерот да открие што значи.

30. Направете микс цеде

Потсетете се на старите добри времиња кога правевте касети и направете компилација од романтични песни. Со ова ќе покажете дека сте одвоиле време и труд за да направите нешто посебно.

31. Појадок во кревет

Не можете да утнете со ова.

6-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mk

32. Предизвикајте го/ја во омилената игра

Без разлика дали се работи за шах, „Не лути се човече“ или „Dota“, пројавете интерес во неговите/нејзините омилените активности.

33. Масирајте му/ѝ ги нозете

Потценет, но сепак добар начин за искажување љубов.

34. Заврзете му/ѝ ги очите и пишувајте му/ѝ зборови по грбот

Слатка игра која многу брзо преминува во нешто друго.

35. Поставете видео на неговиот/нејзиниот Фејсбук профил

Направете му/ѝ го денот посебен со мала приватна шега од вашата омилена серија.

36. Запаметете нешто што сакал/а порано и потоа направете го тоа за него/неа

Па нели минатата недела ви спомна дека одамна не јадел/а крофни. Изненадете го/ја.

37. Однесете му/ѝ кафе

Кафе во кревет, на работа, каде било… кафе = љубов.

38. Однесете му/ѝ ручек

Немате време сами да го направите? Доставете му/ѝ пица.

39. Излезете заедно да возите ролери или велосипед

Заедничките спортски активности може да бидат многу забавни и да зближуваат.

Paar mit Inline-Skatern auf Strasse

40. Фатете го/ја за рака

Каде и да одите, фатете го/ја за рака. Тоа покажува дека не се срамите од нив.

41. Направете мало пакетче

Сетете се на сите омилени продукти, добро свиткајте ги и подарете му ги на партнерот. Покажете  ја љубовта која ја заслужува.

42. Направете торта со омилениот лик од омилената ТВ серија

Голем обожавател на „Игра на тронови“? Декорирајте ја тортата со омилениот лик.

43. Пешачете заедно

Романтично и слатко.

44. Дајте му/ѝ лижавче со ваша обвивка

Испишете цел лист со „те сакам“ и завиткајте го околу лижавчето. Притоа не ја тргајте оригиналната обвивка.

45. Нацртајте срце во снегот или песокот

Зимата е ладен период, стоплете го нејзиното/неговото срце така што ќе нацртате срце во снегот. Летната алтернатива е во песокот на плажите.

8-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mk

46. Искажете ги своите чувства преку храна во форма на зборови

Пробајте да напишете „те сакам“ со помош на појадокот. Не постои поубав начин за започнување на денот.

47. Посветете му/ѝ песна на радио

Стара и скоро заборавена традиција која ја покажува љубовта која ја чувствувате.

48. Читајте му/ѝ во кревет

Тој/таа, вие и убава книга гушнати во постелата.

49. Напишете му/ѝ писмо со краснопис

Наместо да напишете обично писмо, користете краснопис. Изгледа навистина убаво и е пресладок начин да покажете дека се трудите.

50. Сликајте ја долната облека

Сладок и ризичен начин да покажете дека сте заљубени е да испратите слика од вашата долна облека со кратка порака: „Погоди кој не носи долна облека?“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар