5 женски лекции за сексот кои не смеете да ги заборавите

5 женски лекции за сексот кои не смеете да ги заборавите

Без разлика на тоа колку сте искусни во сексот, да се навратиме накратко на 5-те основни лекции кои сигурно одамна сте ги научиле, но ве потсетуваме дека никогаш не смеете да ги заборавите.

5 женски лекции за сексот кои не смеете да ги заборавите

1. Не претерувајте со бакнување

Барем не на почетокот на врската. Вашиот јазик не треба да биде постојано во неговата уста бидејќи така ем ќе му здосадите, ем тој нема да биде толку возбуден за вашето тело бидејќи и онака ќе го има во доволна количина.

Бакнувањето треба да биде нешто посебно, специјално и нежно, а кога ќе се претвори во страсно, знаете што следува.

2. Не размислувајте

Жените имаат навика премногу да размислуваат во текот на сексот. Темите се секогаш различни, но на сите им е заедничко прашањето: Како изгледам? Драги дами, запомнете дека не е важно како изгледате, туку како се чувствувате.

3. Основната хигиена никогаш не е на одмет

Спонтаниот секс набрзина е секогаш ОК, но ви гарантираме дека ќе уживате повеќе во односот доколку и двајцата само што сте излегле од тушот (по можност заедно).

4. Магијата е во рацете

Тоа е една од првите лекции кои ги учиме во тинејџерските години – како да го задоволите, а тоа да не личи на секс. Да, драги дами, тие и понатаму сакаат работите да се одвиваат рачно. Имајте предвид дека кожата на пенисот е нежна, исто како и кожата на вашиот полов орган, па со него треба да бидете многу внимателни. Затоа, не штипкајте го и не гребете го со ноктите. Поентата е да го стимулирате мускулот, а не кожата на него.

5. Сексот треба да биде забавен

Не заборавајте дека сексот е нешто во што треба да уживате. Треба да бидете потполно опуштени, па дури и да се забавувате. Сексот пропратен со смеење најдолго се памети.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. енна Reply

    Женски лекции! Сешто! Зошто го нема авторот на текстот во потпис, сајтот сам си го напишал?
    „тие и понатаму сакаат работите да се одвиваат рачно“
    Ве бришам од bookmark па барем да си знаете зошто!

Остави коментар