5 видови лекови без кои не смеете да одите на годишен летен одмор

5 видови лекови без кои не смеете да одите на годишен летен одмор

Покрај кремата за сончање со заштитен фактор, препорачливо е да земете со вас и минијатурна аптека која би можела да ви притреба. Токму затоа погледнете ги следниве 5 видови лекови кои секогаш би требало да ги имате покрај вас на годишниот одмор.

5 видови лекови без кои не смеете да одите на годишен летен одмор

1. Лек против мачнина

Ако знаете дека сте склони на мачнина за време на возењето, тогаш секогаш имајте на дофат соодветен лек за олеснување на вашите тегоби.

2. Лекови против болка и зголемена температура

Без разлика дали се во облик на апчиња или шумливи таблети, најдете ги оние кој најмногу му одговараат на вашето тело и имајте ги покрај вас за секој случај.

3. Средства за заштита од убоди од инсекти

Постојат различни видови спреови, како и лосиони за спречување на нападот од досадните комарци. Но, ако тие сепак успеат да ве пронајдат, имајте во близина и крема за смирување на воспалението од убодот.

4. Лекови против проблеми со желудникот

Бидејќи сте во непозната средина, постојат шанси да го надразните вашиот желудник со нешто со кое претходно никогаш не сте се сретнале. Бидејќи вашиот стомак е еден од најчувствителните делови од телото за време на летниот одмор, секогаш имајте поддршка доколку нешто тргне наопаку.

5. Средства за чистење и санирање рани

Малите гребаници или исеченици треба да бидат соодветно исчистени и згрижени со цел да не се развие инфекција која понатаму би можела да ви предизвика поголем проблем. Исто така не заборавајте на ханзапласт и завој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар