5 видови јакни што одговараат на сечија градба

5 видови јакни што одговараат на сечија градба

Од една страна не ја сакаме есента, но сепак не можеме да негираме дека истовремено и ѝ се радуваме, бидејќи оваа годишна доба со себе носи толку нови трендови, убави бои и слоевито облекување кое нам ни нуди безброј совршени, тренди комбинации. Тоа е единствената причина зошто ги бараме поладните денови – за повторно да ги носиме нашите омилени јакни, сакоа и капути! А еве кои 5 модели ќе бидат задолжителни во наредниот период. И да, сигурно ќе ви одговараат, бидејќи одговараат на сечија градба.

0-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_

1. Модерно сако

Модерното сако, со женствен крој ќе ѝ одговара на секоја девојка, без оглед на тоа како е таа градена. Тие се одличен избор како за работните комбинации, така и за оние лежерните кога ќе посакате да ги направите атрактивни и урбани. Значи, можете да ги носете секогаш и секаде и да изгледате апсолутно стилизирано.

2-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_ 3-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_

2. Преголем капут

Доколку ги сакате лежерните, удобни комбинации тогаш можете да го надополните вашиот изглед со преголеми јакна, сако или капут. Во нив ќе изгледате доста атрактивно и модерно, а освен тоа ќе се чувствувате удобно, топло и пријатно. Значи, совршено за есен! Затоа и ние гласаме за овој модел.

Processed with VSCO with e3 preset

5-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_

3. Јакна со рамен крој

Уште еден модел на јакна или капут кој ќе ви одговара без оглед на тоа како сте градени е онаа со рамен крој. Таа е одлична за сите модерни „камуфлажи“, бидејќи лесно се вклопува како со формалниот стил, така и со лежерниот. Со овој модел ќе можете лесно да си играте и да експериментирате.

7-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_ 6-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_

4. Струкирано сако

Доколку сакате да го нагласите вашиот струк, а притоа и понатаму да изгледате стилизирано, тогаш направете го тоа со помош на струкираното сако. Тоа ќе направи да изгледате женствено, но сепак професионално и угледно, совршено дури и за сериозните работни комбинации. А за оние лежерни прилики заедно со сакото понесете и впечатлив накит и уживајте во ултра модерната комбинација.

8-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_

5. Капут со А крој

На крај, занимлив избор за занимливите есенски денови е капутот и сакото со А крој. Подолг, со краеви кои благо се шират, создава одличен избор за секоја професионална девојка со стил и став! Зар не се сјајни? Во нив со сигурност ќе изгледате занесно и моќно!

9-koja-e-vashata-omilena-5-vida-jakni-koi-odgovaraat-na-sechij-tip-gradba-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар