5 видови емоционални вампири и како да се справите со нив
Според старите верувања, психичкиот, или емоционалниот вампир е личност која се храни со животната енергија на другите луѓе. Но доколку добро погледнете околу вас, ќе сфатите дека овие луѓе навистина постојат. Тоа се личности кои ја „цицаат“ вашата позитивна енергија и ве полнат со негативна.
Постојат неколку симптоми кои кажуваат дека можеби сте жртва на ваква личност:
- Чувствувате замор и потребен ви е сон
- Имате лошо расположение
- Често имате желба за прејадување
- Се чувствувате напнато, несигурно, депресивно и негативно
- Чувствувате дека некој постојано ви го расипува расположението
Постојат 5 видови емоционални вампири, а во продолжение погледнете кои се и како да се справите со нив.
1. Нарциси
Ова се луѓе кои се вљубени во самите себе и очекуваат сите да им се восхитуваат. Тие се убедени дека се секогаш во право и дека се подобри од другите. На овие луѓе им недостига сочувство и знаат да бидат навистина ладни, особено кон оние кои не ги исполнуваат нивните очекувања.
Нарцисите се склони кон бескрајни расправии и никогаш не го прифаќаат туѓото мислење. Најлесниот начин да се справите со нив е со вашата самодоверба, бидејќи оваа енергија им пречи. Немојте да си дозволите да се чувствувате лошо поради нивното однесување.
2. Жртви
Овие луѓе насекаде шират негативна енергија. Тие се убедени дека цел живот им се случуваат лоши работи и дека постојано ги следи несреќа. Постојаното жалење им претставува проблем на другите, но тие не го согледуваат ова, или пак воопшто не им е грижа.
За да се заштитите од овие луѓе, ислушајте ги накратко, а потоа променете ја темата на разговор. Доколку тоа не помага, кажете им дека со жалење нема да си ги решат проблемите, туку само ќе си создадат нови. Доколку сепак не можете да се справите со нив, најдобро е да се тргнете настрана.
3. Контролори
Ова се доминантни и наметливи луѓе кои сакаат да контролираат сè. Знаат да користат закани и манипулација за да ве натераат да го направите она што го сакаат. Понекогаш покажуваат и агресија и често користат емоционални уцени и набивање чувство на вина. Ова ги прави поопасни од останатите видови енергетски вампири.
Најдобрата одбрана од овие луѓе е да им дадете до знаење до каде е вашата граница. Кога ќе сфатат дека нема да попуштите, ќе отстапат и ќе почнат да бараат нова жртва.
4. Луѓе што постојано зборуваат
Овие луѓе можат постојано да зборуваат за себе. Истовремено нема да му дозволат на соговорникот да каже ништо. Внимавајте на овие личности бидејќи можат многу брзо да ви ја украдат енергијата. Дури и ако дојдете на ред да кажете нешто, многу брзо ќе ве прекинат и ќе продолжат да зборуваат за себе.
Најдобриот начин да се заштитите од нив е воопшто да не се дружите, ниту пак да започнувате разговор.
5. Луѓе што прават драма
Овие луѓе можат да направат вистинска драма и од најмалите нешта. Исто така гледаат проблеми каде што воопшто ги нема. Штом ќе влезат во просторијата, можно е да почувствувате немир и нервоза.
За да се заштитите од овие луѓе, најдобро е да ги игнорирате. Иако се можеби најмалку опасни од емоционалните вампири, сепак можат да ви ја украдат енергијата доколку им дозволите.
Погледнете и како да препознаете дали токсичните луѓе манипулираат со вас.