5 важни реченици што секоја изневерена жена треба да ги запомни

5 важни реченици што секоја изневерена жена треба да ги запомни

Неверството е една од најлошите нешта што можат да се случат во врската или во бракот, и најчесто означува крај на љубовта. Секако, постојат и луѓе што решаваат да дадат втора шанса и да се обидат да ја спасат врската. Па, ако сте една од оние девојки што почувствувале неверство на своја кожа, тогаш имајте ги на ум следниве 5 реченици…

1. Не се споредувајте со другата жена

Зошто воопшто би сакале да се спуштите на нивото на љубовницата? Воопшто не ни помислувајте на неа, останете достоинствени и или обидете се да ги решите проблемите во врската, или едноставно ставете крај и продолжете понатаму.

2. Не се обидувајте да најдете копија од него

Ве изневерил и ве повредил… зошто би сакале во иднина да имате слична личност покрај себе? За нештата да бидат различни, мора да најдете некој што е сосема различен – некој што ќе ве цени и ќе ве почитува, некој што ќе ве гледа како едноставно незаменливи.

3. Не е ваша вина

Ако тој одлучи да ве изневери, наместо да разговара за тоа што му недостига во врската – тоа не е ваша вина! Немојте да се обидувате да барате оправдување за неговото однесување во вашето однесување. Сите проблеми треба да се разговараат, и да се обидат да се решат, а ако не оди, едноставно да се стави крај на врската и да се почне одново со нова личност – легитимно.

4. Ќе бидете среќни и заљубени пак

Не враќајте се во минатото и не жалете за времето што сте го потрошиле, туку бидете благодарни за сè што сте научиле и откриле за себе во текот на тој период. Ако некој губи, тоа е неверникот! А вас, верувајте, брзо ќе ви се отворат нови врати на љубовно поле.

5. Постојат луѓе што ве обожаваат

И сигурни сме дека секој од нив ќе се потруди да ви ги олесни овие тешки денови, а ваша задача ќе биде да го дозволите тоа. Сосема во ред е да имате потреба од помош и да бидете ранливи – токму тоа ќе ви помогне побрзо да го надминете овој тежок период.

Прочитајте ги и овие 7 вистини за неверството кои луѓето ги откриваат на потешкиот начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар