5 едноставни трикови за уреден орман
Секоја девојка сонува да има орман како на познатите модни икони, актери и пејачи кои зрачат со раскош и луксуз. Можеби ви делува недостижно, но постојат 5 мали трикови кои ќе го трансформираат вашиот стар и досаден орман за алишта во орманот од вашите соништа!
1. Организирајте ја облеката на правилниот начин
Подгответе се и физички и психички, бидејќи за оваа работа ќе ви треба цел ден. Организацијата на облеката е работа која што ако еднаш ја започнете, мора и да ја довршите. Сѐ додека не сте доволно сигурни и одлучни дека сакате да го направите ова, не започнувајте ништо. Бидејќи во спротивно, за неполн час ќе се најдете покрај купишта алишта околу вас и недостаток на волја за работа и повторно нема да направите ништо.
2. Целосно исчистете го орманот
Исчистете сѐ, до последното парче облека што го имате. Уште на самиот почеток, при вадењето на облеката, можете да ја селектирате на неколку купови: Куп со износена облека, куп со омилени работи, куп со облека со која не знаете што да правите, куп со облека која повеќе не ви се допаѓа… Кога облеката ќе ја поделите, ќе ви биде полесно да направите селекција.
3. Посветете време на организацијата
Нема ништо поубаво од беспрекорно наредена и организирана облека, а само со малку труд и инвестиција вашиот орман може да блесне во својот полн сјај. Упатете се до кој било дуќан кој нуди практични решенија за организирање на работите и започнете со работа. Пронајдете го најпрактичниот начин на организација кој вам ви одговара за орманот да ви биде што попрегледен и посистематизиран. Можете да групирате по стилови, бои или по кој било друг критериум кој ви одговара.
4. Додадете декорација
Колку што ви е поубав орманот, толку повеќе ќе имате желба и волја да го одржувате чист и уреден. Наредете ги чевлите по пар, на некој постар шал кој поретко го носите изложете ги омилените парчиња накит, внимателно наредете ги торбите, ракавиците и сите останати модни додатоци.
5. Рационално одлучете од кои парчиња облека ќе се ослободите
Немојте да бидете сентиментални за секое парче облека. Ослободете се од сѐ што повеќе не носите, што не ви се допаѓа, што го носите само привремено, како и од сите оние работи во кои повеќе не можете да се замислите.