5 трикови на модните уредници кои веднаш ќе ги научите со помош на овие гиф фотографии
Кога работите во модната индустрија ќе научите по нешто за начинот на облекување и како да изгледате прекрасно без ни малку труд. Еве неколку трикови кои доаѓаат директно од модните уредници кои ќе ви помогнат да изгледате префинето, а сепак се брзи и лесни.
1. Префинето виткање ракави
Зошто: Нема ништо поубаво од виткање на ракавите на вашето омилено сако или џемпер, но да си играте цел ден со нив затоа што паѓаат е далеку од идеално.
Како: Користете ластик за коса или гумен ластик и поставете го на средината од ракавот – околу лактите. Соберете го и повлечете го ракавот до точка на раката којашто ви е удобна и наберете го остатокот од ракавот во долниот дел. На крај, скријте го ластикот под еден од слоевите што ги виткавте.
2. Виткање ракави во стилот на Џена Лајонс
Зошто: Затоа што изгледа помалку несмасно од класично свитканиот ракав.
Како: Свиткајте го ракавот на половина и подигнете го до горниот дел на раката. Свиткајте го свитканиот дел уште еднаш и застанете точно до манжетната за да ја истакнете на елегантен начин.
3. Пикање кошула
Зошто: Затоа што го нагласува струкот без да изгледате премногу напрчено.
Како: Пикнете ја во пантолоните или фармерките само едната страна од кошулата и тоа делот кој се наоѓа веднаш под копчињата.
4. Пикање кошула на Фралски начин
Зошто: Затоа што изгледа строго однапред, а забавно одзади.
Како: Пикнете ја едната половина од кошулата внатре во пантолоните или фармерките, а задниот дел оставете го надвор.
5. Виткање на фармерките
Зошто: Затоа што е совршено за истакнување на убави обувки и затоа што им дава пострукиран изглед на бојфренд фармерките.
Како: Свиткајте ги фармерките околу 3-6 сантиметри и потоа свиткајте ги уште еднаш така што ќе се гледа линијата на кројот за да бидат совршено несовршени.