5 точки на вашето тело кои се клучни за подобра подвижност

5 точки на вашето тело кои се клучни за подобра подвижност

Дали некогаш сте се обиделе да направите нешто, а да не е толку едноставно колку што сте замислиле? Способноста да направите нешто се сведува на тоа да бидете доволно силни за да го поддржите и да го стабилизирате телото во секоја активност што ја правите. Значи, не станува збор за тоа да бидете флексибилни, туку за да пронајдете сила во вашата мобилност.

5 точки на вашето тело кои се клучни за подобра подвижност

Без разлика каква форма на вежбање претпочитате – било да е тоа трчање, кревање тегови, бокс, пилатес и слично, мобилноста игра голема улога. Погледнете како вратот, рамената, зглобовите, колковите и глуждовите да ви бидат подвижни за време на секоја вежба.

Вратот

За да ја зголемите подвижноста на вратот, правете кругови со главата околу вратот на лесен, контролиран начин. Префрлете ја од десното кон левото рамо и надолу кон градите. Потоа сменете ја насоката.

Рамената

Правете кругови и кренете ги рацете над главата. Овие движења ги насочуваат вашите раменици и помагаат да се стабилизираат, така што ќе почувствувате напнатост во рамото и клучната коска.

Зглобовите на рацете

Вртењето на зглобовите ќе ви овозможи да го зголемите целиот опсег на движење. Погледнете го видеото за да ги видите како правилно да ги вежбате зглобовите.

Колковите

Круговите со колковите се трик за подобра подвижност на карлицата, овозможувајќи ви да трчате подобро и подобро да правите клекни-стани.

Глуждови

Подвижноста на глуждот е најважна за тркачи, спортисти и луѓе кои тренираат HIIT.

Погледнете ги овие 6 вежби со кои ќе имате тело од соништата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар