5 спасителни трикови за сигурно одење по мраз

5 спасителни трикови за сигурно одење по мраз

Одењето по мраз не е лесно за никого, но со помош на некои правила и трикови, сепак можете да ги намалите шансите за паѓање. Паѓањето на мраз може да биде многу опасно и може да резултира со повреди во грбот, скршеници, па и потрес на мозокот, а последиците може да се особено опасни за постарите лица кои имаат покревки коски. За да ја совладате техниката на одење по мраз и да избегнете сериозни последици од паѓање, придржувајте се до овие 5 правила.

5-spasitelni-trikovi-za-sigurno-odenje-po-mraz-kafepauza.mk

1. Ослободете ги рацете

Додека одите не треба да ги држите рацете во џеб, и во никој случај не носете торби во нив. На тој начин доколку евентуално паднете, нема да можете да се потпрете на рацете.

2. Чекорете малку пошироко

За да бидете постабилни препорачливо е да одите малку пошироко. Широкиот од е постабилен, а доколку имате и некое додатно помагало како стап или чадор ќе ја намалите можноста за паѓање.

3. Пробајте го трикот со исечени чорапи

За внимателен и лесен од се советува да го направите следново: земете пар погруби чорапи, исечете им ги прстите, а потоа навлечете ги врз чевлите. На тој начин при одењето предниот дел се фиксира на подлогата и така се спречува паѓање. Оваа тактика претежно ја применуваат постари лица, но може да им биде корисна и на помладите, посебно за вечерни излегувања. Навлечете црна чорапа врз вашите чизми и така нема многу да се забележува, а трикот ќе ве поштеди од незгоден пад.

4. Одете наведнати кон напред

За дополнително да се заштитите од паѓање при одењето, би било добро телото да го наведнете малку нанапред. Тој оди е сличен на одот на пингвините, при кој силата на гравитацијата поминува низ предниот дел на нозете и на тој начин сме повешти на мразот.

5. Избегнувајте спортска облека и рамни чевли

При излегување на заледена површина треба да имате на ум дека спортската облека и чизмите со мазен ѓон не се идеален избор. Погрубите ѓонови и зимските чизми во комбинација со останатите совети можат да ви го олеснат одржувањето рамнотежа по замрзнатите патишта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. nekoj Reply

    Vo nikoj slucaj ne nosete torbi … toa sto pazarite vo prodavnica ostavete go tamu !

Остави коментар