5 совршени есенски комбинации со чизми
Есента само што не пристигнала и тоа лесно може да се претпостави по временската прогноза. Имајќи го тоа на ум, годинава треба да се подготвите порано за нејзиното пристигнување. Добрите обувки се клучни за добар есенски стил, па токму затоа и ги издвоивме најдобрите 5 комбинации со кои ќе изгледате модерно и фантастично.
1. Цветен фустан
Овој модел чизми делува како да е дел од машка гардероба, но во комбинација со женствени парчиња облека, како овој неодолив цветен фустан, тие се клучни за оваа есен.
2. Секси здолниште
Доколку сакате да постигнете секси, но и лежерен изглед, тогаш оваа комбинација е совршената за вас. Едноставно комбинирајте ги вашите омилени есенски чизми со кое било кратко здолниште.
3. Кратки шорцеви
Оваа комбинација е идеална за сончевите есенски денови. Вие ќе бидете подготвени за новото годишно време, додека истовремено впивате топлина од сончевите зраци.
4. Широки пантолони
Доколку сакате да изгледате гламурозно и елегантно, ова е совршената комбинација за на работа, но и за вечерните свечени настани.
5. Тесни фармерки
Тесните фармерки изгледаат одлично кога се носат со чизми до глуждови. Тоа многу добро го знае и Џиџи Хадид, која често може да се забележи во оваа модна комбинација.