5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

Комбинацијата од фармерки и џемпер е наједноставната и со тоа и омилената на многумина во екот на студените месеци. Нејзината едноставност со тек на време може да стане монотона и неинтересна, па затоа е корисно да се знаат овие неколку работи во врска со неа.

1. Купувајте едноставни џемпери

Купувајте џемпери чии бои и дезени се едноставни. Оние во бои како сива, црна, темно сина, темно зелена или кафеава се лесни за комбинирање и може да ги облечете со какви било фармерки. И црвените и белите џемпери можат да се комбинираат со фармерки, но тогаш треба да внимавате да си одговараат.

5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

2. Внимавајте на големината

Што и да облекувате, важно е големината на облеката и во горниот и во долниот дел од телото да биде иста. Затоа правилото вели дека широките фармерки се носат со широки џемпери, а струкираните фармерки со потесни џемпери. Ако облечете струкирани фармерки со дебел плетен џемпер нема да изгледате убаво и средено, туку како лик од цртан филм. Кога ќе ги правите овие комбинации, и чевлите одбирајте ги по истата логика.

5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

3. Додајте нешто интересно

Оваа комбинација е едноставна и брзо може да стане и здодевна. За да го избегнете здодевниот изглед, додајте нешто интересно во него. Џемпер со интересен дезен или некој на кој јаката ќе му биде во друга боја ќе заврши работа. Можете и да се облечете во повеќе слоеви така што ќе го акцентирате секој од нив. Јакна или блејзер врз џемперот може да го унапреди изгледот, особено што нивниот дизајн ќе ја скрие лошата форма ако таа не одговара на вашето тело.

5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

4. Правилно распоредете ги слоевите

Постојат неколку правила кои облекувањето во слоеви го прават атрактивно:

  • Најгорните слоеви треба да се спуштаат најниско. Тоа значи дека јакната треба да биде подолга од џемперот, а под него не треба да се гледа кошулата;
  • Рабовите на јаката треба да останат под слојот кој се наоѓа врз нив. Ако не можете да ги „дисциплинирате“ употребете ги копчињата;
  • Кога носите кошула, џемпер и јакна или блејзер, идеално би било ако манжетните на кошулата и џемперот се гледаат од под ракавите на јакната или блејзерот. Прифатливо е и ако се гледа само манжетната на кошулата;
  • Ако џемперот е најгорниот слој, тогаш ништо не треба да ѕирка под ракавите.

5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

5. Експериментирајте со боите на фармерките

Различна боја на фармерките – сина, црна или сива, дава повеќе различни комбинации со еден ист џемпер. Еден ист сив џемпер во комбинација со класични сини фармерки е добар за прошетка во паркот, а кога ќе се вратите дома можете да го искомбинирате со потемни фармерки и спортски чевли и ќе бидете спремни за излегување в град. Неколку различни бои на фармерки со неколку различни бои и дезени на џемпери можат да дадат безброј зимски комбинации.

5 совети за комбинирање на џемпер и фармерки

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар