5 совети за како да им покажете на вашите деца дека ги сакате
Сите знаеме колку е важно да им кажеме на нашите деца дека ги сакаме, но досега, тие веројатно го слушнале тоа илјадници пати. Постојат и други начини како да го направите детето да биде свесно за вашата родителска љубов. Во продолжение прочитајте ги нашите совети.
1. Слушајте ги
Не мислиме на привидното слушање, кимајќи со главата горе-долу додека истовремено правите повеќе работи. Оставете го мобилниот, исклучете го телевизорот, тргнете се од компјутерот и обратете му внимание на детето. Исто како и возрасните, и децата минуваат низ различни искуства во текот на денот. За разлика од возрасните, тие ретко кога бараат од вас да се фокусирате на тоа што имаат да ви кажат. Нека биде ваша мисија да ги ислушате внимателно. Сигурни сме дека вашето внимание кон нив нема да помине незабележано.
2. Прашајте ги за мислење
Со тоа што им давате простор да го изразат своето мислење, вие им оставате до знаење дека тие ви се важни. Откако ќе дознаете повеќе за идеите, претпоставките и верувањата на вашите деца, ќе ги запознаете и ќе се поврзете со нив на подлабоко ниво.
3. Прегрнете ги
Прегрнувајќи го вашето дете вие му помагате да се ослободи од стресот, придонесувате да му се подобри расположението, да се зголеми неговата самодоверба и чувството на сигурност. Гушкањето ќе ви помогне и на обајцата да развиете чувство на меѓусебна доверба.
4. Згответе или нарачајте го нивното омилено јадење
Ништо не може толку добро да ја пренесе пораката на љубовта како омилената храна. Одвојте време и забележете што вашите деца сакаат да јадат, а кога следниот пат ќе им го зготвите омиленото јадење, ќе ја добијат пораката јасно и гласно.
5. Одвојте време за вашите деца
Не е важно дали ќе го поминете времето во друштвени игри, ќе готвите заедно или ќе одите на прошетка. Она што е важно е вашите деца да знаат дека сте им посветиле внимание и дека сакате да поминувате време со нив.
Изразот „те сакам“ е важен во односот кон децата, но доколку им ја покажете вашата љубов кон нив тие ќе ви бидат благодарни, а тоа ќе придонесе за уште подлабока врска и поголема приврзаност меѓу вас и вашето дете.
Откако ги прочитавте нашите совети за како да им покажете на вашите деца дека ги сакате, ви препорачуваме да прочитате и зошто вреди да поминувате повеќе време играјќи со вашите деца.
Извор: yourtango.com