5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!

5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!

Слабата циркулација е проблем кој е најчесто присутен кај лицата постари од 40 години. Сепак, не е исклучиво поврзана со стареењето бидејќи таа може да биде резултат и на одредени здравствени проблеми како дијабетес и срцеви заболувања. Ако не се излечи навреме, може да доведе до сериозни последици како згрутчување на крвта, инфицирани чирови и ампутација. Затоа, експертите препорачуваат да обратите внимание на овие симптоми.

5 симптоми на слаба циркулација кои не смеете да ги занемарите!

Чувство на пецкање на екстремитетите

Според специјалистот по физикална медицина, Крис Тат, слабата циркулација може да предизвика чувство на пецкање на екстремитетите. Тоа е бидејќи крвта не доаѓа до овие места во доволна количина.

Ладни раце и нозе

Крвта носи топлина и хранливи материи до сите делови од нашето тело. Така, намалената циркулација предизвикува рацете и стапалата да бидат поладни од остатокот од телото токму поради фактот дека во овие делови од телото не циркулира доволно крв.

Оток

Отокот може да се појави на глуждовите, рацете и стапалата.

Болка во зглобовите и грчеви во мускулите

Лошата циркулација според експертите може да предизвика и болка во стапалата, нозете, рацете и дланките, особено доколку седите или стоите подолго време. Кога циркулацијата на крвта во мускулите е намалена, хранливите материи не можат да стигнат до ткивата на кои им е потребна, а тоа резултира со вкочанетост и грчеви.

Промена на боја на кожата

Слабата циркулација може да ја промени и бојата на кожата така што на одредени места ќе забележите сина боја. Тоа особено се забележува на прстите, рацете, усните и носот.

Не смеете да занемарите ниту еден од овие симптоми. Освен тоа, начинот на живот и одредени заболувања влијаат врз слабата циркулација како, на пример, дијабетесот и атеросклерозата. Научниците препорачуваат дека здравиот начин на исхрана, откажувањето од лошите навики како пушењето и редовната физичка активност можат значително да ја подобрат циркулацијата.

Откако прочитавте за симптомите на слабата циркулација на крвта во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и сè што треба да знаете за нискиот крвен притисок и неговото регулирање.

Извор: eatthis.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар