5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаете
Луѓето можат лесно да бидат доведени во заблуда благодарение на аурата на нарцистите. Тие можат да бидат збунети од нивните зборови и засрамени од нивната агресија. Не можат да сфатат дека таквото однесување е само еден вид маска која служи како одбранбен систем за да го скрие исплашеното дете. Всушност, тие се чувствуваат несигурни и имаат потреба од некој да ги ислуша. Во продолжение прочитајте кои 5 мали тајни луѓето со нарцисоидна природа не сакаат да ги знаете.
1. Контрола
Нарцисоидните луѓе мораат да ги контролираат другите и нивната природа, вклучувајќи ги и вашите верувања, чувства и однесувања со цел да се чувствуваат безбедно. Преку нивното однесување, тие се обидуваат да манипулираат со вас и да ве омаловажат за вие да бидете оние кои ќе се почувствуваат несигурни. Овој вид на одбранбен механизам се нарекува проективна идентификација. Во овој случај, вие го чувствувате речиси истото што тие го чувствувале како деца.
2. Чувство на градиозност
Дали сте почувствувале колку нарцисоидните луѓе се фалат и фантазираат за себе, обидувајќи се секогаш да се претстават како најдобрите и најуспешните. Тоа го прават токму со цел да се чувствуваат помалку несигурни и засрамени.
3. Ароганција и завист
Нарцисоидните луѓе веруваат дека мора да бидат подобри од сите останати луѓе во нивната околина. Ако дури и една личност се истакнува или е подобра во нешто, мора да ја надминат таа личност. Ако тие не се на врвот, тогаш ќе се сметаат себеси за неуспешни.
4. Преголема чувствителност
Лесно можете да претпоставите дека луѓето со нарцистичка природа се премногу чувствителни дури и кога станува збор за безначајна критика. Според нив, доколку вие не се согласувате со нив, тогаш сигурно вие не сте во право бидејќи тие секогаш мора да бидат оние кои ќе бидат во право. Тие ќе ве наречат вам премногу чувствителни, но всушност тие се оние кои се премногу чувствителни. Имаат потреба од постојана потврда, пофалба и одобрување поради нискиот степен на самодоверба.
5. Механизми за самоодбрана
Исто како дете во неволја, нивната прва одбрана би било негирањето кое може да вклучи и свесно лажење. Нивната следна одбрана би била да ве обвинат вас, нивниот шеф, колегите – било кој освен самите себе. Вашите факти се ирелевантни и вие само ќе си го губите времето расправајќи се со нив. Тие дури и можат да почнат со изјавите дека вие сте оние кои ги контролирате, а ако им го посочите ова, тие ќе бидат шокирани. Друга омилена одбрана им е проекцијата при што ве обвинуваат вас и другите дека сте слаби, премногу чувствителни, инфериорни и безначајни.
Откако прочитавте за малите тајни на нарцисоидните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и како размислуваат нарцисите и зошто ги повредуваат луѓето околу себе.
Извор: themindsjournal.com
“Затоа што јас така сакам”- најчесто употребуваната реченица кај овие луѓе.