5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

Чаевите за детоксикација се популарни со години, особено кај оние кои држат диета и практикуваат здрав начин на живот, бидејќи служат за исфрлање на токсините од телото, забрзување на метаболизмот и топење на масните наслаги. Но, колку се ефикасни овие чаеви и дали се опасни по здравјето?

5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

Ќе изгубите течности, а не масти

Чаевите за детоксикација обично содржат кофеин и други диуретици што го поттикнуваат излачувањето на вишокот течности од телото преку урината и потта.

Откако ќе се ослободите од вишокот течност, ќе се чувствувате полесно и поенергично, и покрај тоа што не сте изгубиле ни еден грам масти.

Чаевите за детоксикација може да предизвикаат лаксативно дејство, што исто така придонесува да се чувствувате полесно. Важно е да запомните дека штом ќе се вратите на старите навики или ќе престанете да пиете чај, течноста ќе се врати, како и „изгубените килограми“.

Не заборавајте на вежбањето и здравата исхрана

Со секој чај за детоксикација се препорачува здрава исхрана и редовно вежбање. Имено, со потењето го забрзувате излачувањето на токсините, а со јадењето придонесувате за здравјето на метаболизмот. Сето ова може да резултира со губење на тежината на долг рок, но само пиењето чаеви за детоксикација не е доволно за да го растопи вишокот килограми.

Чаевите за детоксикација предизвикуваат немирен сон

Повеќето чаеви за детоксикација содржат кофеин бидејќи го намалуваат апетитот, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Сепак, премногу кофеин може да предизвика голем број несакани ефекти поврзани со ритамот и притисокот на срцето, а тоа да предизвика нарушување на квалитетниот сон.

Покрај тоа, прекумерната количина на кофеин може да го стимулира апетитот и на тој начин индиректно да влијае на зголемувањето на телесната тежина.

Може да предизвикаат одредени несакани ефекти

Некои чаеви се користат за намалување на апетитот, за забрзување на метаболизмот или за други слични цели, но некои растенија може да предизвикаат несакани ефекти.

Една од популарните состојки во чаевите за слабеење е гуараната, растение кое често се додава во енергетските пијалаци. Несаканите ефекти обично се поврзани со нервоза, немир, иритација на стомакот, гадење, повраќање, главоболка, вознемиреност, немир, ѕвонење во ушите, забрзано чукање на срцето и брзо дишење.

Имајте на ум дека дури и природните состојки може да предизвикаат несакани ефекти, особено кога се консумираат прекумерно или во интеракција со некои лекови.

Спроведени се малку истражувања поврзани со овие чаеви

Иако има истражувања за одредени состојки на чајот, многу малку е испитана ефикасноста на комбинацијата на состојките што ги содржат чаевите за детоксикација.

Тоа значи дека не може со сигурност да се каже како дејствуваат чаевите за детоксикација и дали се безбедни за здравјето.

Прочитајте дали е подобро да пиете ладен или топол чај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар