5 работи што можете да ги направите со презреано авокадо
Да ја процените совршената зрелост на авокадото и да го отворите во идеално време не е лесна работа. Ако го пресечете само еден ден подоцна, ова сочно овошје може да се претвори во каша. Но, нема причина да го фрлите во ѓубре. Сè уште можете да го искористите презреаното меко авокадо, по можност во рецепти каде што треба да добиете кремаста текстура.
1. Направете прелив за салата
Авокадото е одлична намирница за подготовка на прелив за салата. Не само што обезбедува кремаста текстура, туку и многу здрави масти, витамин Е и некои протеини. Измешајте го со малку лимон, јогурт, ситно исечен лук, маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба и ќе добиете прелив за салата. Љубителите на зачинети работи може да додадат малку чили во прав.
2. Ставете го во колачиња
Дали некогаш сте пробале да ставите авокадо во брауни од чоколадо? Вкусот на темно какао или рендано чоколадо ќе го маскира зрелото и омекнато авокадо. Користете го ова овошје како замена за масло или путер и уживајте во вкусните колачи.
3. Направете смуди
Здосадено ви е смудито од банана? Ќе добиете подеднакво кремаст пијалак ако додадете авокадо. Смудито од авокадо, јогурт од ванила и малку мед е многу популарно во Јужна Америка.
4. Направете мус
Мекото презреано авокадо е совршена состојка за правење мус од чоколадо. Измешајте го горчливото какао со авокадото додека да добиете мазна смеса, додајте малку кокосово млеко, засладувач и малку цимет и уживајте во секој залак.
5. Ставете авокадо во чизкејкот
Кремастата текстура на авокадото е идеална и за правење чизкејк. Измешајте едно меко авокадо со крем сирење, шеќер и исцедена лимета и ќе добиете освежителен крем за чизкејк без печење.
Погледнете го овој рецепт за тирамису торта од палачинки.