5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

Азијките се познати по нивниот младешки изглед. Главна улога во тоа имаат нивната мотивација и желбата да изгледаат убаво и над 50 години. Обидете се да примените дел од нивните навики за и вие да изгледате помладо.

1. Оризова вода

Таа е позната состојка во многу јапонски и кинески производи за нега на кожа, бидејќи се користи против стареење и ја осветлува кожата. Може да побарате некој ваков производ или да направите оризова вода дома и да ја користите пред чистење на лицето, за хидратација на кожата, но и за омекнување и сјај на косата. Оризовата вода е важно да биде чиста.

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

2. Двојно чистење на лицето

Техниката на двојно чистење на лицето е една од омилените во Кореја и Јапонија бидејќи со неа се отстрануваат сите нечистотии по носење шминка или користење крема за сончање. Првото чистење најчесто е со производ на база на масло, бидејќи тоа ја смирува кожата и ја ослободува од несаканите масни материи во порите.

Вториот производ е најчесто на база на вода. Тоа дополнително ги отстранува сите остатоци и им помага на другите производи за нега на кожа, да навлезат длабоко и да ја омекнат текстурата на кожата.

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

3. Производи со секрет од полжав

Секретот од полжав се користел уште во античка Грција бидејќи претставува комплекс од хијалуронска и гликолична киселина, а содржи и цинк. Сите три состојки се добри за кожата и ја прават сјајна, а цинкот дополнително ја намалува иритацијата на кожата.

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

4. Чај од лимонска трева

Освен по убавиот мирис и ароматичниот вкус, чајот од лимонска трева е познат и по тоа што е одличен за детоксикација и варење на храната, менструални болки и надуеност, но и за поздрава и посјајна кожа.

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

5. Лист маска

Еден од најдобрите начини за грижа на кожата е користењето лист маска богата со состојки против стареење, како колагенот. Многу е практична за користење, а има многу придобивки за кожата меѓу кои и намалување на брчките.

5 работи што ги прават Азијките за да изгледаат помладо

Автор: Катерина Каланоска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар