5 работи кои воопшто не треба да ги нанесувате на лицето

5 работи кои воопшто не треба да ги нанесувате на лицето

Сите жени сакаат да експериментираат со производите кои ги ставаат на лицето, а маските и лосионите кои се приготвуваат во кујната отсекогаш им биле занимливи. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека треба да внимавате што ставате на лицето, како и дека не треба да ставаме на нашата кожа сè што ќе ни биде на дофат. Токму затоа и треба да ги држите следниве 5 нешта што подалеку од вас.

1-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_

1. Алкохол

Со алкохолот честопати се дезинфицираат рани, но по никоја цена не треба да го нанесувате на акните и раните на лицето, бидејќи во истиот момент тој ќе ја исуши вашата кожа.

2. Шеќер

Веќе е познато дека прекумерното консумирање шеќер води до слабеење на еластичноста на кожата, па и со самото тоа до појава на брчки. Експертите велат дека не станува збор само за неговото внесување, туку и дека шеќерот што го ставаме на кожата може да ги создаде истите несакани последици. Затоа, маските со кафеав шеќер треба да ги користите само во борбата против целулитот, а никако да ги ставате на лицето.

2-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_

3. Лосион за тело

Верувале или не, многу жени го користат лосионот за тело како крема за лице. Тоа е потполно погрешно, бидејќи кожата на лицето е многу поделикатна од кожата на телото и за неа се потребни понежни производи. Исто така, лосионите за тело честопати содржат парфеми и светки, кои може да му наштетат на лицето.

4. Сода бикарбона

Сода бикарбоната честопати се спомнува во некои рецепти за домашна изработка на пилинг за лице, но размислите: доколку таа може да ги избели забите, дали навистина е безопасна за лицето?

3-5-raboti-koi-voopshto-ne-treba-da-gi-nanesuvate-na-liceto-www.kafepauza.mk_

5. Лак за коса

Секако, ниту една од нас не би нанела лак за коса свесно на нашето лице, но големи се шансите дека го правиме тоа несвесно. Лакот за коса е полн со хемикалии кои ги затвараат порите, поради што може да дојде до појава на акни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар