5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-ти
Животот може да биде збунувачки за 20-годишниците. Но, еве што сè треба да знаете во овој период од животот а никој не ви кажува.
1. Некогаш новите врски и пријателства ќе ве чинат губење на старите
Луѓето доаѓаат и си одат од нашите животи. Но, мал број луѓе се тука постојано и треба да ги чуваме. Што се однесува на другите, едноставно прифатете го тоа како факт и како нешто што му се случува секому. Имено, едно истражување од Оксфорд покажало дека во просек, секој човек со влегување во нова романтична врска губи по двајца пријатели. Никој не ни кажува дека кругот на пријатели се менува, но тоа е вистината и воопшто не е толку страшно како што звучи. Луѓето растат, ги менуваат приоритетите, се оддалечуваат… Не сте виновни вие.
2. Вашите колеги и надредени не мора да ви бидат и пријатели
Иако вашите нови колеги се баш пријателски настроени, не мора да значи дека треба да ги прифатите како ваши пријатели и во приватниот живот и да чувствувате обврска да се дружите за време на викенд. По некоја пијачка после работа е во ред, но не очекувајте дека задолжително ќе ви станат и најдобри пријатели. Дури и ако не сте блиски ни за време на работа, во ред е, повеќето и не се. Вие сте таму за да си ја вршите својата работа и тие нивната, без притисоци. Ако пак патем станете најдобри пријатели, тоа е секогаш добредојдено.
3. Во ред е да не знаете што ќе правите во животот
Не мора да ги имате одговорите на сите прашања во овој период од животот. Родителите, пријателите, роднините, сите ќе ве прашаат што понатаму. Во ред е ако не знаете. Имате куп можности пред вас и не се ограничувајте. Никој од вас не бара да знаете сè. Некогаш најнеочекуваните нешта се најслатки и најдобредојдени. Некогаш нема да имате никаков план што ќе правите со себе и за некое време ќе се наместат коцките на најдобар начин, онака како што не сте ни очекувале.
4. Раскинувањата се секогаш лоши, но и секогаш носат нешто добро
Прекинување на врска или пријателство никогаш не е убава ситуација. Но, по секое раскинување животот ви подарува нова, свежа перспектива на нештата. Без разлика колку е болно, тоа е процес низ кој мора да поминете достоинствено.
5. Многу сте посилни отколку што мислите
Никој не си ги знае скриените моќи сè додека не дојде време да ги употреби. Многу нешта ве плашат во животот и иднината на нас 20-годишниците ни изгледа како голема нејасна топка во која искрено, се плашиме како би се снашле. Но, верувајте, многу сте посилни отколку што мислите. Ќе бидете во ред, и сè ќе биде во ред бидејќи со што и да се соочите ќе излезете поумни, поискусни и како вистински херои. Затоа, без грижа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.