5 работи кои мора да ги направите пред да дојде летото
Летото ни се приближува, а со самото тоа сме и чекор понапред до плажата и сонцето. Знаете и самите дека веќе е неопходно да почнете да се подготвувате за да изгледате потполно сјајно, а ние со вас споделуваме 5 едноставни начини како да го постигнете тоа.
1. Подгответе ги стапалата
Доколку сè уште не сте го сториле тоа, сега е вистинско време да се посветите на вашите стапала. Иако секогаш можете да посетите педикир, топлата вода и солта или сода бикарбоната и турпијата за пети ќе направат да не се забележува дека претходните месеци сте носеле затворени обувки. Нема ништо погрдо од испукани пети и неуредни нокти, а толку малку време е потребно за сето тоа да се реши.
2. Дотерајте ги ноктите
Ноктите на рацете се изложени и лето и зимо. Пред да изберете супер интересен летен лак за нокти, направете домашен пилинг на рацете со мед и жолт шеќер. За заноктиците во помош доаѓа сода бикарбоната, а веруваме дека веќе имате и крема која ќе ги хидрира рацете.
3. Програма за одмарање на кожата
Би било добро да ѝ дадете на вашата кожа една „слободна“ недела. Односно, оставете ги настрана сите производи за нега, но и шминката, а користете само кокосово масло. Резултатот ќе биде сјајна кожа, па потоа слободно вратете се на вашата стара рутина.
4. Поработете на вашиот тен
Најверојатно немате прилика да се сончате секојдневно за да добиете барем малку боја. Знаете и самите колку солариумот е нездрав, па единственото решение за добивање потемен тен е лосионот за самопотоемнување. Користете го внимателно и не заборавајте претходно да направите задолжителен пилинг на телото.
5. Не заборавајте на грбот и надлактиците
Доколку вашата кожа на грбот, рамената и надлактиците не е баш најубава, послужете се со следниот трик: Нанесете со памучна крпа павлака на тие делови и оставете да отстои 10 минути. Потоа истуширајте се и намачкајте се со лосион за хидратација на кожата. Киселината од павлаката ќе ѝ помогне на вашата кожа повторно да изгледа како претходно.
Припремете се на време, но негувајте се и во текот на летото, а вашата кожа ќе ви биде и повеќе од благодарна.