5 работи кои мора да ги имате во вашата чанта
Поминати се повеќе од 5.000 години од првата чанта која ја носеле мажи, главно само за да ги чуваат парите во неа. Денес чантата е нешто без кое речиси ниедна жена не го напушта домот. Паричникот, клучот и личните документи се први на листата работи кои мора да ги има во секоја чанта, но што е со останатите нешта кои може да ви притребаат и едноставно мора да го имате при рака?
1. Чадор или кабаница
Утринското сонце многу често знае да претходни на попладневен дожд, но доколку во својата чанта имате мал чадор на склопување или кабаница, промената на временските услови нема да ви биде проблем.
2. Мала ужинка
Ако имате многу обврски или пак постои можност да заглавите низ градскиот метеж, убаво е да си носите мала ужинка со себе која ќе ви го ублажи гладот до следниот оброк.
3. Влажни марамчиња
Она што најмалку посакуваме е дамка на облеката која не сме ја забележале, но многу често дамките може да ги отстраниме со влажни марамчиња, па затоа е добро да ги имаме во чанта.
4. Крема за раце
Постојаното миење и дезинфекција на рацете ја суши кожата и ги прави рацете рапави, а вас ве прави да се чувствувате непријатно. Затоа малечка крема за раце е секогаш добредојдена во вашата чанта.
5. Аналгетик
Напорните и стресни работни денови полни со обврски може да предизвикаат главоболка, замор или болки во коските и мускулите. Кој било аналгетик е одличен за справување со болка, па затоа е добро да го носите со себе.
Автор: Катерина Каланоска