5 работи кои изгледаат како љубов, а всушност се емоционална злоупотреба
Листата на причини поради кои емоционалната злоупотреба е ужасна е навистина долга, но најверојатно најлош е фактот што таа често се однесува како љубов. Уште полошо е тоа што многу ретко знаеме да ја препознаеме. Следуваат знаците дека вашата љубов е всушност нешто сосема друго.
1. Сѐ оди пребрзо
Постојат неколку причини поради кои некој вели „Те сакам“ уште после две недели – или е лик од Дизни цртаните, или е вонредно заљубен, или е таков со сите. Не велиме дека врската која оди пребрзо секогаш се претвора во емоционална злоупотреба, но многу често е така.
2. Тој сака да знае сѐ за вас… веднаш!
Уште една работа која не смее да оди пребрзо. Запознавањето трае некое време, а човекот кој веднаш мора да ги има сите информации најверојатно многу брзо престанува да биде романтичен и станува напорен.
3. Постојано ви се јавува
Жените кои сакаат мажот почесто да им се јавува ова нема да го сметаат за проблем, но личноста која постојано праќа пораки јасно покажува дека планира да го вложи сето свое време во новата врска. Тоа најчесто значи и дека нема да разбере дека другата личност има потреба за свое лично време.
4. Ве уценува кога ви кажува дека ве сака
„Никој нема да те сака како мене“ или „Јас те сакам повеќе отколку ти мене“ може да звучи романтично и слатко, но ако често го повторува тоа станува загрижувачки.
5. Сака да знае каде сте во секој момент
Уште една работа која честопати се смета за романтична, а всушност е сосема поразлична. Мажот кој има потреба да го знае секој ваш чекор најчесто смета дека има право на тоа.
Прочитајте ги и предупредувачките знаци на емоционално насилство во врската!