5 причини зошто треба да почнете да трчате уште вечерва

5 причини зошто треба да почнете да трчате уште вечерва

Дали и вие сте дел од големиот број луѓе кои чувствуваат дека треба да почнат со одредена физичка активност, но тоа секој ден го одложуваат за наредниот? Ние ви го препорачуваме трчањето како одлична физичка активност, којашто можете да почнете да ја практикувате уште денеска. Единствено што треба да направите е да облечете удобни патеки и да излезете надвор. Чувството е неверојатно, а придобивките секој ден сè повеќе ќе се зголемуваат.

(1) Пет причини зошто треба да почнете да трчате уште денеска

Исфрлете ги овие неколку мисли од вашата глава и трчајте заради ваше лично задоволство и подобрување на физичката состојба:

Трчање за одлична форма

Не, не треба да бидете брзата птица итрица, но секако е пожелно вашето тело и ум да ги подигнете на повисоко ниво.

Не сум доволно фит

Доколку не можете веднаш да истрчате 5 километри, не значи дека не би требало да трчате воопшто. Обидете се на почетокот со прошетка и трчање. Три минути пешачете, една минута трчајте. Како што ќе напредувате, намалувајте го времето на брзото одење и зголемете ги минутите на трчање. Ќе се изненадите колку оваа метода ќе ви помогне во брзиот напредок.

Ме болат колената

Мускулниот дисбаланс вообичаено предизвикува болка во колената. Вежби за подобрување на балансот, како јога и пилатес ќе ви помогнат во ваква ситуација. Не ги заборавајте и склековите, но внимавајте да ги практикувате правилно. По трчањето, задолжително истегнете се. Избегнувајте да трчате по угорнини доколку имате чувствителни колена.

Премногу сум мрзелив/а

Обидете се трчањето да го поврзете со сјајното чувство по тренингот, па затоа изговорот „Премногу сум изморен/а да трчам“, заменете ја со „Одам на трчање за да се наполнам со позитивна енергија“.

Не напредувам доволно брзо

Можеби е време за промена на рутината, на неколку недели сменете ја брзината, местото на кое трчате или обидете се да се зачлените во некој клуб за трчање. Кога околу себе имате друштво, ќе ви биде позабавно и ќе имате поголема мотивација.

Ме боли грбот

Слабите стомачни мускули се една од причините за болка во грбот. Во загревањето додајте вежби за зајакнување на стомачните мускули, а задолжително во својата рутина внесете и јога или вежби за истегнување. Доколку болката продолжи, консултирајте се со лекар.

(2) Пет причини зошто треба да почнете да трчате уште денеска

Ова се 5-те причини пора кои треба да почнете да трчате уште денеска:

1. Подобар сон

Трчањето, брзото одење, престојот на отворено ви овозможуваат подобар сон.

2. Го намалува стресот

Трчањето го намалува нивото на кортизол, хормон на стресот, па затоа луѓето кои вежбаат се помалку нервозни.

3. Го зајакнува имунитетот

Ќелиите во организмот кои се борат против вирусите се посилни кај луѓето кои трчаат, па поради тоа поретко се разболуваат.

4. Луѓето кои трчаат се посреќни

Редовното трчање го зголемува лачењето на хормонот на среќата. Помага и во лекувањето на депресијата.

5. Посјајна кожа

Трчањето ја подобрува циркулацијата, ги исфрла токсините од организмот и ја одржува кожата сјајна и чиста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар