5 причини зошто треба да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

5 причини зошто треба да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

Постојат 5 основни причини поради кои би требало да ѝ дозволите на кармата да се „одмазди“ наместо вас. Додека многумина сметаат дека ќе се чувствуваат подобро ако им се одмаздат на луѓето кои им згрешиле, силните луѓе се свесни дека е подобро таа работа да ѝ ја остават на кармата. Погледнете зошто.

5 причини зошто да ѝ дозволите на кармата да се погрижи за одмаздата

1. Поголемо задоволство причинува да гледате како кармата се погрижува за тоа

Луѓето кои се одмаздуваат и прават лоши работи, порано или подоцна се соочуваат со тоа. Кога кармата ги презема работите во свои раце, таа не промашува. Кога гледате дека некој го добива она што го заслужил, задоволството е многу поголемо отколку самите да се одмаздувате. Одмаздата ретко ќе направи да се чувствувате подобро, но кога ќе видите дека самиот универзум казнува некој што го заслужил тоа, задоволството е неизбежно.

2. Останете со чисти раце

Важно е вашите раце да останат чисти. Многу често одмаздата не се постигнува лесно или легално. Но кармата си има свој начин. Одмаздата е секогаш валкана работа, но благодарение на кармата вашата свест ќе остане чиста. Држете се на сигурно и дозволете ѝ на кармата да се одмазди за вас. Силните и моќни луѓе знаат колку е важно вашите раце да останат чисти.

3. Мора да ги одбирате своите битки

Мудрите луѓе знаат дека не можат одеднаш да се борат со целиот свет. Важно е да запомните дека тоа е контрапродуктивно. Желбата за одмазда многу често се претвора во мразење, кое пак не е добро за вашата ментална енергија. Најдобро е да ја искористите енергијата за гледање напред, а не кон минатото.

4. Постојаната одмазда носи страшни последици

Дури и ако со одмаздата вашите раце останат чисти, секогаш постои последица за вашите постапки. Една непредвидлива последица е самата карма. Дури и ако никој не знае што сте направиле, влијанието на кармата нема да се поништи. Вашата позитивна карма е повредна од која било одмазда.

5. Која одмазда е најдобра?

Англискиот поет Џорџ Херберт рекол:

„Добриот живот е најдобра одмазда.“

Херберт бил во право. Најдобриот начин да им се одмаздите на оние кои ви згрешиле е да го живеете вашиот живот на најдобриот можен начин.

Вашиот успех е најважното нешто. Оние кои ви згрешиле во минатото ќе ви завидуваат и ќе им биде криво што немаат никаков удел во вашиот успех.

Ако ви е потребно посетување за моќта на кармата, прочитајте ги овие неверојатни вистински приказни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар