5 причини зошто не треба да се грижите што останатите мислат за облеката која ја носите

5 причини зошто не треба да се грижите што останатите мислат за облеката која ја носите

Некои жени сакаат да дебатираат за тоа како влијае она што тие го носат врз останатите. Сепак, модниот свет има доста големо влијание врз облеката што ќе ја носиме, но никој моден тренд до сега не остана константен. Доколку сакате да се изразите себеси со помош на облеката, тогаш погледнете ги овие 5 причини зошто не треба да се грижите што останатите мислат за вашата облека.

1-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_

1. Вие сте единствени и трендсетери

Воопшто не е неопходно вашата облека да биде етикирана или пак брендирана. Запомнете, доколку сакате да водите, тогаш престанете да следите. Без разлика дали ви се допаѓа или пак не, поразличното облекување секогаш ќе привлече внимание. Исто како модната блогерка, Мајка Џанели, можеби и вие размислувате да ги носите вашите основни парчиња облека на еден поегзотичен начин, така што ќе им додадете некои ексцентрични модни додатоци кои ќе ја канализираат вашата разиграна страна. Или, можеби сакате да изгледате уште покреативно со тоа што ќе ја вклопите бојата на вашата чанта со бојата на вашите чевли, исто како богерката Никол Варни. Како и да е, сето тоа останува на вас и начинот на којшто сакате да се изразите себеси, без да барате потврдување од светот околу вас.

2-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_

3-5-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-grizhite-shto-ostanatite-mislat-za-oblekata-koja-ja-nosite-www.kafepauza.mk_

2. Потребна е храброст за да го носите она што го сакате

Поентата во модата е тоа што за да го носите она што го сакате треба храброст. Луѓето ги почитуваат оние што го носат она што тие го сакаат. Единствена линија помеѓу овие две работи е тоа што треба храбро да се појавите за да го стекнете тоа почитување. Исто како веќе спомнатата блогерка, Мајка Џанели, може да изгледате прекрасно на вашата забава со тоа што ќе носите златно-металик фустан, со кој ќе изгледате гламурозно и екстравагантно. Исто така, можете да испробате малку посекси изглед, со тоа што ќе облечете чипкана блуза со пошироки фармерки кои создаваат одлична викенд модна комбинација.

Продолжете на наредната страница за да ги дознаете и останатите причини зошто треба да останете верни на вашиот сопствен стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар