5 причини зошто да почнете да учите стомачен танц
Ако досега не сте пробале стомачен танц, тогаш дефинитивно мора да го направите тоа! Стомачниот танц е совршен начин за тонирање на вашите мускули и одржување на вашето тело во добра форма. Исто така со негова помош, ќе научите и како да се чувствувате поудобно во своето тело.
Стомачниот танц вклучува изолирани движења на сите поголеми мускулни групи
Стомачниот танц е одличен начин да го подобрите вашето физичко здравје, како и нежно да ги тонирате и зацврстите поголемите мускулни групи, посебно абдоменот, рацете, горниот дел од грбот, задникот и горниот дел од нозете. Најдоброто нешто во врска со овој прекрасен танц е фактот што ве учи како да го балансирате вашето тело и како да изолирате одредени мускулни групи за да постигнете подобри кружни движења. Целта е да успеете да движите одредени делови од телото, додека истовремено останатите ги одржувате целосно неподвижни и мирни.
Стомачниот танц ги зацврстува стомачните мускули
Преку брановидните, кружни и вибрациски движења на стомакот и колковите, овој танц го тонира и зацврстува најдлабокиот слој на абдоминалните мускули. Доколку ви е здодеано да правите стомачни вежби, а сакате да продолжите да го одржувате вашиот стомак рамен, тогаш ова е дефинитивно позабавен начин за остварување на вашата цел.
Стомачниот танц зацврстува и други поважни мускулни групи
Овој танц ги зацврстува квадрицепсите, тетивите под коленото, рацете и грбните мускули. Со зацврстување на грбните мускули, вие го подобрувате држењето на телото и ги намалувате шансите за повреди на грбот. За време на стомачниот танц, тежината на телото постојано се пренесува од една на друга нога. На овој начин ударот на колената, зглобовите и глуждовите е минимален и поради тоа тие се зацврстуваат на безбеден начин.
Стомачниот танц помага при намалување на тежината
Покрај тонирањето на вашите мускули, стомачниот танц е понежна форма на аеробик вежби кои можат да ви помогнат да изгубите и до 300 калории за еден час.
Стомачниот танц го намалува нивото на стрес и ви помага при зголемување на самодовербата
Инспирирано од средно-источните мелодии, овој танц се состои од лулање, кружење и други видови лесни и повторливи движења кои можат да предизвикаат состојба на целосна ментална релаксација и на тој начин го намалуваат насобраниот стрес од текот на денот. Што се однесува до самодовербата, стомачниот танц ќе ви помогне повеќе да го цените и сакате вашето тело, како и да се чувствувате поудобно во него.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Dali znaete kade i dali voopsto postoi vo Skopje nekoj kurs, treninzi za stomacen tanc?
http://www.ritamplus.com.mk/index.php/mk/lessons/belly-dance
Во вторник и четврток од 20-21 часот во зградата на Дом и Дизајн (до Песталоци, тука е знам и грчката амбасада)
Habibi… 🙂
До Теа: http://www.1001nok.com.mk/web/index.php?lang=mk