5 прехранбени производи кои кардиолозите не ги препорачуваат во секојдневната исхрана

5 прехранбени производи кои кардиолозите не ги препорачуваат во секојдневната исхрана

Кардиолозите се едни од најкомпетентните луѓе кога е во прашање храната која може позитивно или негативно да влијае врз здравјето на срцето и организмот како целина. Токму затоа е добро доколку се послуша некој совет од нивното секојдневно мени и нивните прехранбени препораки. Во продолжение прочитајте кои 5 намирници се препорачливи да се консумираат само во ограничени количини за да се одржува добрата здравствена состојба на кардиоваскуларниот систем.

5 прехранбени производи кои кардиолозите не ги препорачуваат во секојдневната исхрана

1. Црвено месо

„Обично избегнувам црвено месо кога и да е тоа возможно, бидејќи месото во хамбургерите на пример е многу солено. На запад сме тренирани да јадеме храна која го зголемува ризикот од срцев удар, дебелина и дијабетес. Важно е да се најде здрава рамнотежа во храната, па затоа јас затоа го избегнувам црвеното месо“ , вели д-р Роналд Џ. Шиб, кардиолог во центарот за долговечност Притикин.

„Избегнувам дебели и масни парчиња црвено месо, а доколку сакате да ја јадете оваа храна, пожелно е да ги отстраните дополнителните маснотии“ , предложува д-р Роберт Клонер од кардиоваскуларниот институт во центарот за медицински истражувања Хантингтон.

2. Преработени сувомеснати производи

„Дефинитивно се држам подалеку од преработените месни производи како сланината, виршлите и другите производи кои содржат големи количини сол и конзерванси“, вели д-р Џенифер Хејт, професорка по медицина на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Со неа се сложува и д-р Ница Голдберг, директорка на женскиот здравствен центар Џоан Х. Тиш, која смета дека и преработеното мисиркино месо е штетно од истите причини. Таа вели:

„Доколку сакате да јадете сендвич со мисиркино месо, тогаш испечете едно парче од свежо мисиркино месо и ставете го помеѓу две парчиња леб.“

3. Слатки печива и колачи од лиснато тесто

„Овој вид производи содржат многу шеќери и хидрогенизирани масти, а немаат скоро никаква хранлива вредност. Слатките печива и колачите од лиснато тесто го зголемуваат нивото на лошиот холестерол. Шеќерот може да ја наруши правилната работа на црниот дроб, да предизвика инсулинска резистенција и нарушувања на метаболизмот како што се дијабетес тип 2. Дали печивото од пекарата е толку вредно за да се ризикува?“ – се прашува д-р Адам Сплавер, кардиолог.

4. Храна која содржи премногу млечни масти

„Се обидувам да избегнувам тешка храна со многу заситени масти, млеко, павлака или сладоледи со голема количина масти“, вели д-р Роберт Клонер.

„Избегнувам кремаста храна со дополнителни маснотии и без оглед на тоа колку го сакам, се држам подалеку од сирењето“, додава д-р Роналд Џ. Шиб.

5. Газирани пијалаци

„Пиењето газирани пијалаци може да има сериозни последици врз организмот. Таквите пијалаци го зголемуваат количеството на инсулинот што доведува до зголемување на телесната тежина и предизвикува разни нарушувања во организмот. Заедно со шеќерот, ваквите пијалаци содржат и фосфорна киселина која ја поттикнува остеопорозата. Ништо подобро не се ниту диеталните газирани пијалаци, а неодамнешните студии потврдиле дека и тие можат да предизвикаат прекумерна тежина“ , вели кардиологот Адам Сплавер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар